Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември
Агровести

Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември

Објавено 06/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Денеска сме на манифестацијата организирана од Општина Кавадарци – „Тиквешки гроздобер” и посакувам успешна манифестација, бидејќи го отсликува почетокот на бербата на винското грозје од Тиквешкиот регион”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Кавадарци.

„Ние како Министерство остануваме силно фокусирани да го враќаме квантитетот и квалитетот на производство на винско грозје. Оваа година очекуваме над 25 милиони килограми повеќе за разлика од ланската берба. Се очекува целата берба да биде над 100 милиони килограми”, посочи министерот.

Тој додаде дека оваа година има значаен прогрес во лозарството.

„Министерството изминатиот период посвети сериозно внимание на системите за наводнување, што е круцијално во делот на производство на винско грозје”, појасни министерот Трипуновски.

Министерот истакна дека според податоците кои ги има Министерството од Државниот инспекторат за земјоделство, заклучно со 4-ти септември откупени се околу 30 милиони килограми винско грозје, околу 11 милиони килограми црвено винско грозје е откупено, а остатокот е бело винско грозје.

„Инспекторатот и Министерството, Владата во целина ќе го следи секојдневно откупот на винското грозје за да се спречат било какви отстапувања од законските норми и прописи кои важат”, посочи тој.

Министерот Трипуновски истакна дека Македонија е лидер во производство на квалитетно вино во светот.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:грозјеоткупенирекордна бербаТрипуновски
Претходен напис Превкусен рецепт: Поховано сирење во сусам со мед
Следен напис Во Словенија повлече од пазар  црвени пиперки произведени во Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?