Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
Агровести

Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена

Објавено 22/05/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва информира дека на ЕНЕР системот е прикачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој се очекува да е темелот на проекцијата и визијата на Министерството во која насока треба да се движи.

-Веќе на ЕНЕР системот ни е закачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој. Тоа практично е основата, темелот на проекцијата и визијата на едно  Министерство во која насока треба да се движиме. Законот го работиме со сите чинители, транспарентно, отворено, земјоделските здруженија, науката. По завршување на овие 30-ина дена каде што ќе биде прикачен законот, повторно ќе седнеме и ќе ги собереме сите идеи, ќе организираме јавни расправи, со цел тој закон којшто ќе го донесеме навистина да биде една проекција во каква насока треба да се движиме. Овој Закон е темелот и таму е регулацијата и на пазарот, и на категоријата на земјоделци, и стратешките приоритети на земјоделското производство. Затоа велам дека тој закон ќе биде основата, меѓутоа паралелно со постоечката законска регулатива работиме веќе на овие процеси да ги помогнеме тековно. За потсетување, пред извесно време објавивме повик  преку Програмата за рурален развој каде што ги субвенционираме или ќе ги помогнеме со 90 проценти кофинансирање земјоделските задруги. Здружувањата, според мене и според Владата, е клучот во успехот на пласманот на македонските производи. И во постоечкиот Закон веќе вметнавме и задругите да бидат дел. Веќе тече објавата и мислам дека интересот ќе биде сериозно голем. Имаме обезбедено финансиски средства да ги помогнеме сите кои е побараат поддршка, рече Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија. 

Прашан зошто шумската полиција бара негова оставка, министерот нагласи дека политиката е вмешана кај претставниците кои го водат синдикатот на оваа институција. Трипуноски ги посочи проектите и активностите кои ги преземал во насока на подобрување на состојбата на шумските полицајци.

-Мислам дека малку повеќе се меша политиката во делот на тие претставници кои што го имаат од страна на синдикатот. Јас можам само отворено да кажам дека на оној состанок на кој што бев обвинет дека има задоцнување, чекале пред мојот кабинет. Јас не бев во некој од рестораните во Скопје, јас бев на претходен состанок каде што со ФАО договаравме проект од 40 милиони евра кој што за наредниве десеттина дена и јавно ќе го презентираме што сме постигнале. Нормално се извинив за доцнењето на состанокот. Меѓутоа, она што јас го имам направено како министер за шумската полиција, го нема направено ниту еден министер. За потсетување, обезбедивме бенифициран стаж за секој шумски полицаец кој е вработен во Шумската полиција, подобрување на просторните услови во кои работат, техничка опременост на дел од шумските полициски станици. Во наредниот период уште позасилено ќе работиме и на подобрување на условите и на носење на нов Колективен договор. Зошто толку се дигна фама за некакво незадоволство? Неоправдано, во секој случај. Не знам. Претпоставувам треба да си прашат кај своите политички лидери, рече тој.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е под знам прашалник акредитацијата за европските фондови од ИПАРД 3, Трипуновски истакна дека не е загрозена акредитацијата и оти работат на акредитација на нова мерка.

-Апсолутно не е загрозена. Дури и работиме на нова акредитација на мерката за рурална инфраструктура каде што ќе обезбедиме дополнителни средства за нашите македонски општини во делот на подигнување на рурална инфраструктура. Ние сме поуспешни. Тоа го говорат и бројките. Во моментов, над 60 проценти е искористеноста на ИПАРД европските фондови, рече тој.

Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика во сите сегменти на земјоделското производство имаме сериозен раст во делот на откупот и продажбата, истакна Трипуновски. -Во делот на житата имаме раст од 42 отсто, во делот на градинарското производство имаме 50%, овоштарство и лозарство 12 отсто. Во делот на сточарството, добиток, живина, јајца, млеко и млечни производи бележиме раст од 9 до максимални 63 отсто, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кај категоријата индустриски растенија, Државниот завод за статистика извади негативна референца бидејќи во ланскиот прв квартал беше спроведен откупот на тутун од реколтата 2023-тата година, за потсетување доцнеше откупот. Додека пак оваа година најголемата количина на тутун се откупи во последниот квартал од 2024 година и тука настанува таа разлика. Инаку кога веќе се говори за тутунот, де факто бројките говорат дека и тука има рекорди во делот на пласманот и девизниот прилив, се откупија над 24 милиони килограми, со што над 196 милиони евра се влезени кај тутунарите.

-Денеска премиерот сподели една добра вест, а тоа е дека имаме раст приближно од 5 проценти во делот на извозот, тоа е вкупниот раст во делот на земјоделскиот – прехранбен сектор. Ако ги издвоиме во делот на овошје и зеленчук тогаш тука имаме раст од 14 проценти во споредба со минатиот квартал. Ако го земеме тутунот, тука имаме раст од 35 проценти. Или поточно во бројки, ако во првиот квартал во 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, оваа година тој извоз изнесува 163 милиони евра. Значи имаме раст од 11 милиони евра, заклучи министерот.

Министерот Трипуновски очекува до крајот на годината да има од 45 до 50 милиони евра разлика во позитива во однос на минатата година.

МИА

Може да ви се допадне

Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година
АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Таг:земјоделствоТрипуновскицветан
Претходен напис ЕУ: Најмалку 450 милиони евра резервен фонд за земјоделците за справување со пазарните нарушувања
Следен напис Сончево и топло до 31 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?