Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати
АгровестиСубвенции

Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати

Објавено 15/08/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот.

„Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот.

Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт како што требаше немаше економските показатели да бидат толку погубни во делот на земјишната политика, во делот на производство и во делот на намалување на вкупната бројка на земјоделци.

„Во делот на Интервентниот фонд, во делот на буџетот на Платежната агенција практично има зголемување. Тоа е реалноста и тие бројки се лесно видливи и проверливи“, посочи Трипуновски.

„Мислам дека поранешниот министер ја користи позицијата пратеник за да ја искривува вистинската слика односно да манипулира со јавноста“, нагласи тој.

„Со овој ребаланс практично кажуваме дека наш приоритет како Влада е земјоделецот на прво место“, изјави Трипуновски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дополнителни средстваисплатиребалансотсубвенцииТрипуновски
Претходен напис Трипуновски: Склучени се 967 договори со површина од 2700 ха
Следен напис До крајот на денот многу топло, максималната температура до 41 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?