Денеска остварив средба со одгледувачите на овци, на која разговаравме за актуелната состојба, како и за мерки за унапредување на овчарството во Македонија, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Присутните одгледувачи на овци истакнаа дека во наредниот период ќе дадат и свои предлози во делот на изготвување на Програмите.
Во 2026 година продолжуваме со отворен дијалог со земјоделците и со политики што ќе придонесат за развој на македонското земјоделство.
