Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија.
На средбата се говореше за подготовката околу винскиот саем насловен „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград во период од 22-24 ноември.
„Заедничката соработка е приоритет на двете земји околу „Винска визија“. Винскиот саем е одлично место каде што може да се дегустира и промовира македонското вино“, истакна Трипуновски.
Напишете коментар