Утринава ја посетив Управата за Хидрометеоролошки работи каде што е реконструиран и адаптиран простор за унапредување на капацитетите за прогностика и воспоставување на ситуациска соба со површина од 200 м2.
Проектот е финансиран од швајцарската влада а реализацијата е направена преку програмата за развој при Обединетите Нации – УНДП. Инвестицијата се состои во градежна изведба на ситуациската соба како и нејзино опремување со мебел, со електронска и компјутерска опрема.
Овој проект води кон значително подобрување на капацитетите на УХМР, што резултира со попрофесионална и поефикасна прогностика. Ова директно придонесува за зголемување на безбедноста на населението и намалување на економските штети од временски непогоди, напиша на социјалните мрежи министерот Цветан Трипуновски.