Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски учестува на Европскиот конгрес за рурална обнова и развој 2025 година во Познан, Република Полска.
-Еден од предизвиците со кои што се соочуваат европските земји е што има се помал број на млади луѓе кои што се занимаваат со земјоделство. Потребно е да работиме кон нивна мотивација за да се приклучат во процесот на производство на храна. Младите луѓе се движечката сила која што е неопходна во земјоделството, информира Трипуновски.

Наша задача е да работиме на зајакнување на отпорноста на руралните заедници во услови на глобалните предизвици.
На Конгресот беше споделена и најавата за пакетот за олеснување на процедурите во Заедничката земјоделска политика за надминување на административните бариери, додава Трипуновски
