Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата
Субвенции

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата

Објавено 07/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани, на денешната прес конференција сакам да ви соопштам дека денес се исплатени над 407 милиони денари кон близу 8.000 земјоделци кои што се во нашата евиденција.

Имено, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци од подмерка 1.7, односно за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сортата куртова капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм, кои што се предадени за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година.

Оваа мерка е клучна за поддршка на нашите градинари кои се посветени на квалитетно производство наменето за понатамошна преработка.

Истовремено, денес се изврши исплата на над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за мерка 2.3, односно за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко.

Овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година, со што поддршката кон сточарскиот сектор континуирано продолжува.

Само за пoтсетување како министерство од почетокот на мандатот исплативме над 11 милијарди денари кон земјоделците, што претставува доволен доказ за нашата посветеност и развој на македонското земјоделство.

Нашата заложба за зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи продолжува понатаму.

Со одговорно и домаќинско работење покажавме дека ги градиме темелите на промените, и го вреднуваме трудот на македонските земјоделци.

Во следниот период продолжуваме со поддршка на македонските земјоделци затоа што земјоделството останува како еден од приоритетите на Владата.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Министерот Трипуновски во посета на Јосифово и Балинци
Трипуновски: 25.500.000 ден. за набавка на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии, за Научниот институт за тутун – Прилеп
Таг:407 милиони денариземјоделциИсплатениТрипуновски
Претходен напис (ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски
Следен напис Владата за 30 дена ја продолжи кризната состојба за шумските пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?