Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Имаме рекордна откупна цена на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Имаме рекордна откупна цена на тутунот
Агровести

Трипуновски: Имаме рекордна откупна цена на тутунот

Објавено 04/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последната и претпоследната откупна сезона можам да ги оценам како едни од најуспешните досега, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“.

„Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се оди на прва класа без одбитоци. Просечната цена на досега откупените околу 21 милион килограм тутун изнесува 419,84 денари“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој потсети дека во текот на оваа година тутунопроизводителите добија и зелена нафта како мерка за стимулација и компензација на трошоците во производството. Дополнително, во Програмата беше вметната и мерка за површина, од 6.000 денари по хектар, што претставува уште еден дополнителен стимул, односно приход за тутунарите.

„Кога сè ќе се сумира, доаѓаме до износ од над 500 денари по килограм, што минатата година претставуваше рекордно достигнување“, посочи министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека го следи гласот на тутунопроизводителите и дека кај нив има задоволство, но најави и дополнителни чекори за унапредување на секторот.

„По празниците ќе се работи на допрецизирање на одредени законски одредби во Законот за тутун и тутунски производи, со цел отстранување на недостатоците што ги воочивме во изминатиот период“, најави тој.

Министерот додаде дека ќе биде формирана работна група во која ќе учествуваат претставници од Сојузот на тутунари и од кај откупувачите, со цел наредната откупна сезона да биде уште порегулирана и поуспешна.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Таг:откуптутунтутунари
Претходен напис УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следен напис Трипуновски: Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 споредбено со 2024 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?