Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција
Агровести

Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција

Објавено 12/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани

„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека ЕУ ги суспендирала средствата за ИПАРД.

„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно“, нагласи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.

„Инаку за информација на гледачите, ИПАРД 3 програмата е за периодот од 2021 -2027 година, на располагање ни се ставени 128 милиони евра кои што се поделени тековно по секоја година за реализација. Она што од ИПАРД 3 програмата е изреализирано, се склучени 453 договори кои што веќе се во некоја завршна фаза, само 50-тина договори се во фаза на реализација и само тие договори во моментов се на проверката стопирани“, појасни тој.

„По проверката ќе го известиме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековни активности, деновиве ќе назначиме и нов директор на Агенцијата“, најави министерот.

Министерот Трипуновски при своеото гостување додаде – „Јас како министер во моментов единствен приоритет ми е работата согласно закон, решавање на проблемите кои што ги наследивме од претходната власт, да го подобриме аграрниот сектор како еден од столбовите во нашата економија и секоја една комуникација со било кој еден директор кој што бил од областа на земјоделството е во таа насока. Но, секој кој што ќе се огреши пред законот, треба да одговара“.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Бриселопозиција
Претходен напис Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 
Следен напис Фон дер Лајен: Ги обединуваме средствата за кохезија, земјоделство, рурален развој, рибарство, социјална политика во еден кохерентен план
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?