Чест и задоволство ми е да споделам дека 117 млади лица, веднаш по завршување на локалните избори, ќе добијат финансиска помош преку „Мерката 112“ – со 100% неповратни средства до 600.000 денари за млади од 18 до 40 години кои започнуваат сопствено земјоделско стопанство, информира на ФБ, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
На јавниот повик пристигнаа 254 апликации, од кои беа одобрени 117. Иако бројката можеби изгледа скромна, таа претставува охрабрувачки чекор и јасен сигнал дека интересот кај младите за вклучување во земјоделството расте.
За споредба, на претходниот јавен повик за „Мерка 112“ објавен во 2023 година, беа поднесени 44 барања, од кои беа исплатени 18 корисници.
Ова покажува дека младите сè повеќе ја препознаваат шансата за квалитетна и одржлива кариера во агросекторот.
Министерството останува доследен партнер со конкретна поддршка, јасна визија и реални мерки за иднината.
