Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трилатерална конференција во Скопје за вклучување на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трилатерална конференција во Скопје за вклучување на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан
Агровести

Трилатерална конференција во Скопје за вклучување на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан

Објавено 04/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трилатерална конференција посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост и зајакнување на регионалната соработка за одржлив развој ќе се одржи денеска во Скопје. Организатори се Здружението Институт за развој на заедницата, во партнерство со Преда плус фондација и АДРФ (Albanian disability rights foundation) и со поддршка од партнерски организации, а во рамки на регионалната иницијатива „Empowered“, соопштија организаторите.

– Носител на проектот е АСБ South East Europe. Проектот е финансиран од страна на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузната Република Германија (БМЗ). Оваа конференција на едно место ги собира претставниците на релевантните министерства, организации на лица со попреченост, експерти и приватниот сектор од Република Северна Македонија, Албанија и Косово, појаснија организаторите.

Како што посочија, целите се промоција на учеството на лицата со попреченост во креирањето на политики и институционални реформи, поттикнување на хармонизацијата на законодавството со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, јакнење на регионалната соработка и мрежите за застапување за размена на знаење и добри практики, идентификување конкретни чекори и иновативни решенија за инклузивен пазар на труд, унапредување на механизмите за поддршка за долгорочно вклучување.

– Конференцијата претставува платформа за размена на искуства, презентација на добри практики и зајакнување на партнерствата меѓу организации и институции од Северна Македонија, Албанија и Косово, со цел поттикнување на регионален дијалог и заедничко делување кон поинклузивни политики и практики, потенцираа организаторите.

Во рамките на конференцијата, предвидено е учесниците да дискутираат на два панела. Првиот е за регионална соработка, иновации и застапување за системски промени во областа на вклучувањето. Вториот е за политики за вработување и поддршка за вработување на лица со попреченост.

Организаторите најавија и присуство и обраќање на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како и на Кевин Маас, шеф на Одделот за прес и култура од Германската амбасада во Република Северна Македонија. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Западен Балканрегионална соработкаСкопје лица со попреченостТрилатерална конференција
Претходен напис Состојба на патиштатa
Следен напис НАЈК ПРОМ: Трактор LOVOL 854 – Моќен, современ, ефикасен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?