Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Агровести

Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите

Последна измена: 23/06/2025 14:20
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Сточари, фармери и претставници на ветеринарните служби и институции присуствуваа на трибина посветена на заштита од болеста чума кај овците и козите. Средбата која ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доаѓа откако пред извесно време оваа институција воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија.

Чумата кај козите и овците е болест која предизвикува сериозни економски штети, со оглед дека заболените животни се отстрануваат од стадата и усмртуваат, посочи Светлана Колариќ, државен советник во АХВ. Таа на трибината нагласи дека преземените мерки имаат за цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава.

– Болеста која се појави во Албанија предизвикува огромни економски загуби кај овците и козите, но друга страна, доколку се појави, ќе го загубиме статусот на земја слободна од болеста. Тоа ќе значи и забрана за извоз на јагнешко месо кое претставува наш стратешки производ, рече Колариќ.

Од АХВ посочуваат дека е засилена контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци по известувањето дека во Република Албанија во областа Дебар, во место Кастриот, на фарма со 200 кози има појава на болеста.

Одговорните во АХВ сметаат дека е важно да се почитува забраната за увоз и транзит на живи домашни животни, млеко и производи од млеко во Македонија од Албанија и спречување на евентуален шверц со живи животни. Решението со безбедносни-мерки на АХВ се однесува на целиот пограничен појас и е во координација со МЗШВ, Шумската полиција, ловните друштва, граничната полиција, ЦУК.

– Сите погранични општини го имаат ова решение за безбедносни мерки. Целта е да се направи една тампон-зона каде што, доколку се појави прв случај во пограничниот појас, да не смее болеста да ни се прошири во внатрешноста. Постојано сме во координација со Граничната полиција и 24 часа е отворена нашата линија за евентуално илегално преминување на животни, зашто официјалното преминување на животни е забрането, рече Колариќ.

Денешната трибина во Гостивар покрај информативниот карактер имаше за цел да делува и на намалувањето на ризикот од појава и проширување на болеста на македонска страна. Македонија е сточарска земја и во на има околу 400 илјади грла овци и кози.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце пренасочен во двата правца поради пожар
Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново
Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад
(ВИДЕО-ФОТО) Голем пожар во Крива Паланка – градоначалникот бара итна помош
Таг:АХВгостиварзаштитатрибиначума
Претходен напис ВО ТЕК Е ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Следен напис Поскапуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?