Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците во Струмичко бараат килограм повеќе градинарски производи и грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците во Струмичко бараат килограм повеќе градинарски производи и грозје
Агровести

Трговците во Струмичко бараат килограм повеќе градинарски производи и грозје

Објавено 12/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трговците и извозниците од Струмичко бараат килограм повеќе градинарски производи и грозје за да можат да ги исполнат договорните обврски кон странските партнери. Велат дека буквално откупуваат од нивите и лозовите насади и тоа по цени кои се многу повисоки во споредба со повеќе години од порано.

-Црното трпезно грозје го откупувам директно од лозјата по цена од 50 денари за килограм, а белото од 35 до 40 денари. И доматите и краставиците исто така држат цена. Тие се откупуваат по цена од 50 денари за килограм, но нема доволно производство. Намаленото производство се должи на лошите временски услови, но и на намалените површини и доколку и наредните сезони продолжи ваквиот тренд ќе се соочиме со недостиг од производство – смета трговецот Благој Витанов.

Информира дека има интерес и за црвената пиперка под пластеници, која се откупува 30 денари за килограм, односно 20 за таа која е наменета за преработувачките капацитети. Додава дека сливата од сортата „стенли” се откупува за 18 денари за килограм, праските 50 денари, а љубениците по 6 денари за килограм.

Според експертите драстичните промени во климата, односно студен период во фазата на расадување и екстремно високите температури и сушата во периодот на зреење влијаат на квантитетот, но и на квалитетот на производството.

-Екстремните временски услови, посебно сушата и во период кога три месеци нема врнежи, растенијата немаат услови да добиваат доволно вода за да ги транспортираат хранливите материи и затоа покрај намалувањето на производството, се соочуваме и со неквалитетно производство – вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Според трговците, градинарското производство од Струмичко годинава се извезува на пазарите во Русија, Украина, поранешните југословенски пазари и во земји членки на ЕУ.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјеструмицаструмички пиперкисушени домати
Претходен напис (Фото) Водопадот Дуф во село Ростуше – глетка што остава без здив
Следен напис (Фото) Акција за собирање на пластични шишиња и отпадоци оставени после големите шумски пожари во Беровско-пехчевскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?