Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците ја скроија листата на производи кои би ги поевтиниле, предлагаат маржи од 3 до 15 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците ја скроија листата на производи кои би ги поевтиниле, предлагаат маржи од 3 до 15 отсто
Агровести

Трговците ја скроија листата на производи кои би ги поевтиниле, предлагаат маржи од 3 до 15 отсто

Објавено 16/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо, да бидат со маржа од 3 проценти. За лебот, тестенините, оризот, за солта, за кафето, оцетот, за квасецот, рускиот чај, урдата, видови сирење, кашкавал, јајца, ајвар, зеленчук, овошје, пиво, бело и црвено вино, како и за дел од средствата за хигиена – прашок, паста за заби, тоалетна хартија, и друго, трговците предлагаат маржа од 10 до 15 проценти.

Од Стопанска комора за трговија на мало и големо, каде ја подготвија листата,  сметаат дека цените можат да ги намалат и предлагаат да има поевтинување на околу 150 продукти, а мерката да важи од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и претстојните празници Рамазан и Велигден.

Трговците и дистрибутерите очекуваат од утре да добијат одговор од Владата дали е прифатлив овој предлог или не. Не е познато што ќе се случи и дали Владата ќе го прифати овој предлог, затоа што не се во земјава ниту министерот за економија Бесар Дурмиши, ниту премиерот Мицкоски, со кои имаа состанок минатата недела.

Предлогот од Комората е подготвен откако Владата претходно одлучи да ги замрзне маржите на дел од производите на 10 отсто до крајот на април. Но, тоа се уште не се реализира затоа што најголемите трговци и дистрибутери во земјава побараа итен состанок со Владата за да ги кажат своите аргументи.

Извор – Нетпрес

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:владамаржамаркеттрговци
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Аплицирајте на ИПАРД за СОЛИС 90 со ЕУРО 5 стандард
Следен напис Променливо облачно со врнежи од снег на планините и дожд на пониските места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?