Трет ден се гасне пожарот на врвот Буковиќ, на планината Влаина, атар на село Негрево, општина Пехчево. За гаснење на пожарот како што информираа од Доброволното противпожарно друштво „Пехчево” денеска вклучени се повеќе помагатели за што изразија голема благодарност за нивната помош.
-За гаснењето де заслужни нашите херои од ДПД ,,Пехчево”, ДПД Кочани, ДПД-Виница, ТППЕ Берово, ТППЕ-Кавадарци, заедно со Шумска полиција. Потоа вработени во Општина Пехчево, вработени во јавните претпријатија во општина Пехчево, ЈКП Комуналец, претставници од ПШС ,Равна река” – Пехчево, ЈП Македонски Шуми од Берово, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување на кризи, доброволци местното население, доброволци од соседните градови, механизација на општествено одговорни фирми и компании. На помош пристигнаа припадници на АРМ и МВР, хеликоптерите на МВР и ЕР Тракторите на ДЗС, информираа од ДПД ,,Пехчево”.
Во деновите додека трае пожарот отворен е пунктот за донации од храна и вода која потоа се дистрибуира до учесниците во гаснењето на пожарот.
Најмногу зафатена од пожарот како што информираа учесници во гаснење на пожарот од ДПД ,,Пехчево” е иглолисна шума составена претежно од црн бор.
Очекувањата се до крај на денот пожарот да биде ставен под контрола.
МИА
Напишете коментар