Заедно со раководителот на секторот за инвестиции Бојан Дурнев, потпретседателот на компанијата Globaltec Antonio Luque и членовите на менаџерскиот и инжинерскиот тим Aitor Sordo, Gianluca Grimaldi и José Miguel Sánchez бевме во посета на Regandes de Mérida во шпанската провинција Badajoz. Потоа го посетивме езерото Alqueva во Португалија. Езеро со најголема површина на инсталирани панели во Европа, информира директорот на Ромео Тренов – директор на Управата за водостопанство.

Целта на посетата беше да се запознаеме со начинот на функционирање на системите за наводнување со пловечки фотоволтаични постројки.



Тренов ја пренесува сликата и од системот за наводнување Zujar во шпанскиот регион Ектрамадура. Систем чии пумпни станици работат со напојување од пловечки фотоволтаични постројки.



