Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трамп: Ако не се договорам за Гренланд, 100 отсто ќе воведам царини, а дали ќе го преземам насила, не коментирам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трамп: Ако не се договорам за Гренланд, 100 отсто ќе воведам царини, а дали ќе го преземам насила, не коментирам
Агровести

Трамп: Ако не се договорам за Гренланд, 100 отсто ќе воведам царини, а дали ќе го преземам насила, не коментирам

Објавено 20/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „100 проценти“ ќе ги реализира своите закани за воведување дополнителни царини доколку не постигне договор за Гренланд, зголемувајќи ги тензиите меѓу САД и нивните сојузници, објави „Би-би-си“.

На прашањето дали би употребил сила за да го преземе островот, Трамп одговори со „без коментар“.

Неговите изјави доаѓаат во период кога во јавноста беа објавени пораки што му ги испратил на норвешкиот премиер, во кои наведува дека фактот што не ја добил Нобеловата награда за мир значи дека повеќе нема „обврска да размислува исклучиво во насока на мир“.

Премиерот на Гренланд остро реагираше на ваквите пораки, истакнувајќи дека земјата нема да попушти под притисок.

– Нема да дозволиме да бидеме притиснати. Најновите изјави од САД, вклучително и заканите со царини, не ја менуваат нашата позиција – порача тој.

За време на викендот, Трамп најави дека од февруари ќе воведе царина од 10 проценти на увоз на стоки од осум земји-членки на НАТО, доколку тие се спротивстават на неговиот предлог за преземање на Гренланд.

Според неговите зборови, доколку отпорот продолжи, царините би можеле да се зголемат на 25 проценти до јуни.

Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД

Реакции пристигнаа и од Велика Британија. Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, во обраќање пред Парламентот изјави дека заканите за воведување царини против сојузнички земји се „целосно погрешни“, предупредувајќи дека ваквиот пристап може дополнително да ги наруши односите меѓу партнерите во НАТО.

Ситуацијата околу Гренланд, кој има стратешко значење поради својата географска положба и природни ресурси, повторно ја отвори дебатата за границите на американската надворешна политика и за односите со традиционалните сојузници.

Извор – Слободен печат

Итен состанок во ЕУ поради заканата на Трамп за нови царини

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГренландТрампцарини
Претходен напис Николоски објави видео од експресниот пат Градско – Дреново (Прилеп), цела Пелагонија се поблиску до Скопје
Следен напис Ладно утро и мраз во Македонија, измерени и – 10°C
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?