Моќниот компактен модел на трактор LOVOL 754 N, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Тракторот LOVOL 754 N е дизајниран за најефикасна и најсовремена обработка на Вашите лозаро-овоштарски површини. Во однос на конфигурацијата, тракторот LOVOL 754 N е моќен, компактен и сигурен модел подготвен да одговори на секое работно место и терен кое бара издржлив трактор.
Тракторот LOVOL 754 N поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрошувачка, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини.
Синхронизираниот менувач со 8+8 брзини овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции.
Тракторот LOVOL 754 N има минимален радиус на вртење од 3,3m. Сигурен диференцијален приклучок од иглест тип. Димензија, должина 4100mm / ширина 1400mm / висина до калници 1500mm. Тракторот LOVOL 754 N располага со удобен работен простор, со ергономски дизајн, Grammer воздушно и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.
Тракторот LOVOL 754 N е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL 754 N:
– Mоќност на мотор 75кс
– Број на цилиндри, 4
– Погон на сите 4 тркала / 4WD
– Хидрауличен волан
– Синхронизиран менувач / Брзини, 8 напред + 8 назад
– Кардан, 540/1000 вртежи во минута
– Гуми, предни 8.3-20, задни 14.9-24
– Тегови напред и назад
– Влечна кука, топлинг, сет алат
– Grammer воздушно седиште
– Со заштитен рам
– Должина/Ширина/Висина(калници): 4100 / 1400 / 1500 mm
Секоја година, LOVOL снабдува повеќе од 100.000 трактори, 50.000 комбајни и 120.000 мотори за возила, во својата дистрибутивна мрежа која опфаќа повеќе од 120 земји во светот.
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.