Директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов во интервју за РСЕ обвинува дека претходната власт пред изборите вработила стотици луѓе на огласи за дрвосечачи, а кои сега седат во канцеларија. Тој вели дека претпријатитето било оставено со долг од 10 милиони евра и четири неисплатени плати на вработените, а шумите на милост и немилост.
Г-не Трајанов, сè уште има шумски пожари, а слушаме дека ЈП „Национални шуми“ е уништено и дека нема ресурси за гаснење. Дали и колку во моментов учествувате во гаснење на пожарите?
За вашта констатација дека претпријатието е уништено, морам да се сложам дека тоа беше така кога дојдовме на работните места, јас како в.д. директор и мојот тим помошници директори. Претпријатието буквално беше оставено на стихија, имаше неисплатени четири плати, имаше огромни долгови, имаше блокирана сметка и опасност од многу наши соработувачи да бидеме исклучени: Такви беа Макпетрол во однос на горивото, Телеком во однос на телефонските услуги, ЕВН во однос на струјата и така натаму.
Во ситуација кога претпријатието било во катастрофална состајба, менеџментот од предходниот состав се ставил во функција на политиката, наместо во функција на претпријатието. Последните огласи за вработување, условно се огласи за вработување на сечачи, доторачи, редачи на дрво и тоа околу 400 луѓе: еден оглас е за 320, другиот е за 40. Што се случува? На име на сечачи се примаат партиски структури. За само неколку дена, сите тие луѓе кои се примани како сечачи, со искучок на двојца, тројца во целата држава, добиваат работни налози да бидат во администрација. И сега, имаме ситуација кога на хартија ние имаме условно 320 сечачи, меѓутоа во пракса тоа се вработени луѓе кои се вгнездени во администрација. И сега имаме проблем со тие луѓе. Не сакат да се ги извршуват своите работни задачи. Прифатиле да бидат сечачи, еден дел дури е трагично изманипулиран. Таму се вработени шумарски инженери, шумарски техничари, се понижени да бидат учесници на тој конкурс, само и само да добијат вработување на неопределено време.
Интервјуто на РСЕ во целост на следниот линк
