Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Традиционално закројување на винова лоза во винарница „Стоби“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Традиционално закројување на винова лоза во винарница „Стоби“
Агровести

Традиционално закројување на винова лоза во винарница „Стоби“

Објавено 14/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со литургија и закројување на лозите, винарницата „Стоби“ денеска го одбележа празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и винарите.

На за­кро­ју­ва­њето, поради КОВИД мерките, изо­ста­на­ ма­сов­но­то при­сус­тво на гра­ѓа­ни.

– Овој ден за нас е посебен, 13 – та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, и следната да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Генералниот директор на холдинг компанијата „Перминдекс“, за винарницата „Стоби, млекарницата „Галичник“, „Црвени Брегови“ и „Вардар Градско“, Никола Деребанов објаснува дека иако веќе втора година изминува откако нашата земја и светот се во пандемија, која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината произведени во винарница „Стоби“ која и понатаму работи успешно.

Деребанов посочи дека од оваа година почнува лансирањето на нова линија вина „Македон“.

– Новата линија на вина го носи името „Македон“ и дел од нив веќе можат да се дегустираат во некои од нашите поекслузивни ресторани, хотели или кафулиња. Засега „Македон“ вината ќе можат да се купуваат само во ХОРЕКА секторот, а истите во текот на оваа година ќе почнеме да ги пласираме и на сите извозни пазари каде веќе извезуваме од нашата широка палета на вина. Конкретно „Македон“ вината веќе неколку години се произведуваат, но првично беа наменети за извоз само во САД. Сега ќе го прошириме пласманот на вината и се надевам на успех и прифаќање од љубителите на вината како и досега, појаснува Деребанов.

„Стоби“ годишно произведува 4,5 милиони литри високо квалитетно вино од кои само 24 отсто се пласираат на домашен пазар, а  76 проценти се наменети за извоз на 18 пазари од регионот и светот. Најголеми извозни пазари се Кина, Сад и Русија, но значителна продажба остваруваат и во европски држави Холандија, Данска, Белгија и земјите од регионот. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:закројувањелозастоби
Претходен напис Во Охридското Езеро пронајдени и одземени рибарски мрежи долги 1.000 метри
Следен напис Времето денеска сончево со слаб ветер и температура до 15 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?