Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлотниот бран пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлотниот бран пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко
Агровести

Топлотниот бран пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко

Објавено 10/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотниот бран, со температури до 40 степени Целзиусови, пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко.

Според градинарите и експертите, на удар најмногу се културите на отворено, како што е
бостанот и доматите засеани под пластеници.

Градинарите велат дека веќе бележат штета кај доматите во пластениците, бидејќи под влијание на топлината се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите, кои се во фаза на зреење, доаѓа до згрчување.

– Најважно е навреме да се преземат мерки со поставување на заштитни мрежи и да се врши засенчување, а наводнувањето да се врши во вечерните часови, вели Ристо Велков, земјоделец од село Василево.

Според него, засега на топлотниот бран е отпорна пиперката, но треба да се внимава и со нејзиното одгледување во вакви услови.

Експертите посочуваат дека климатските промени од година во година се повеќе го погодуваат земјоделското производство.

– Покрај штетите во пластеничкото производство, каде температурата во текот на денот достигнува и над 60 степени Целзиусови и затоа културите не можат да врзат цвет и да се формира плод, големи штети има и кај овошните насади и лозјата. Според најавите топлотниот бран ќе трае и во наредните денови и тоа може да предизвика уште поголеми штети, смета д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болести.

Освен со топлотниот бран, земјоделците од регионот се соочуваат и со штети предизвикани од невреме проследено со град, како што беше на 2 јули кога настрадаа посеви во валандовско и гевгелиско. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градинарското производствособереСтрумичкоТоплотниот бран
Претходен напис Два активни пожари на територија на Велес
Следен напис Поради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?