Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлотен бран и бури на Балканот: Турција, Србија и Романија со температури до 41 степен, Загреб и Бихаќ погодени од невреме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлотен бран и бури на Балканот: Турција, Србија и Романија со температури до 41 степен, Загреб и Бихаќ погодени од невреме
Агровести

Топлотен бран и бури на Балканот: Турција, Србија и Романија со температури до 41 степен, Загреб и Бихаќ погодени од невреме

Објавено 07/07/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Балканските земји се соочуваат со екстремни временски услови, вклучувајќи високи температури, силни ветрови и невреме, што предизвикаа значителни последици во регионот, според извештаите на локалните метеоролошки служби и медиуми.

Турција се подготвува за нови топлотни бранови, при што температурите во повеќе региони, вклучувајќи ги Одрин, Баликесир, Измит, Маниса, Ајдин, Денизли, Килис, Шанлиурфа, Дијарбекир, Батман и Адијаман, се очекува да надминат 40 целзиусови степени.

Според турската Метеоролошка служба, температурите ќе бидат за шест степени повисоки од вообичаените за овој период, со пик в среда. Експертите ги повикуваат граѓаните, особено постарите лица, децата и хронично болните, да избегнуваат излегување на отворено во пладневните часови поради зголемен здравствен ризик. Во југоисточна Турција е издадено и предупредување за силни ветрови со брзина над 60 км/ч.

Во Србија, по „тропската“ ноќ, дневните температури достигнуваат до 40°C, особено во јужните, источните и југоисточните делови, каде е активиран црвен метео аларм за екстремни горештини. Во северните и североисточните региони се очекуваат врнежи и грмотевици, со жолт код за дожд. Српските метеоролози најавуваат промена на времето од вторник, со циклон што ќе донесе разладување, врнежи и грмотевични бури на запад, додека југот и истокот ќе останат топли. Локално се можни обилни дождови и град. До среда температурите ќе паднат на 22-23 степени, а до петок на околу 25 степени.

Романија, исто така, е погодена од топлотен бран, со црвен метео аларм за горештини во Букурешт и 14 окрузи во јужниот дел, каде температурите ќе достигнат 38-41 степен, засилени со висока влажност над 80 отсто. Во овие области се очекуваат „тропски ноќи“ со температури над 20 степени. Портокалов метео аларм е во сила за централна, источна и североисточна Романија, со температури од 36-38 мстепени, додека жолт код важи за северозападните и крајните југоисточни делови, со максимални температури од 33-36 степени. Властите во Букурешт испратија предупредувања преку системот Ро-Алерт, а Министерството за здравство ги повика службите за итна помош да се подготват. Пожарникарите ги советуваат граѓаните да избегнуваат палење оган во суви области и да внимаваат при фрлање отпушоци.

Во Грција, властите воведоа задолжителни паузи за работа од пладне до 17 часот за физички труд на отворено и услуги за достава на храна во региони каде температурите надминуваат 40 степени. Топлотниот бран се очекува да трае до четврток. Во Атина не се воведени вонредни мерки, а властите преземаат долгорочни мерки за справување со климатските промени, вклучувајќи рекордно распоредување на пожарникари.

Во меѓувреме, невреме предизвика хаос во Загреб, каде силен ветер, дожд и грмотевици предизвикаа значителна материјална штета. Во населбите Травно и Дугаве, дрвја и гранки паднаа врз паркирани автомобили и сообраќајници, предизвикувајќи прекини во сообраќајот. Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) соопшти дека автобусите на линиите 109 и 220 сообраќаат по скратени траси. Метеоролозите велат дека ова е почеток на ладен фронт што ќе се прошири низ регионот, при што температурите во Загреб паднаа за шест степени во рок од еден час.

Слично невреме утрово го погоди Бихаќ околу 10:30 часот, предизвикувајќи материјална штета поради силен ветер и дожд. Метеоролозите во Босна и Херцеговина најавуваат сончево време со повремени локални врнежи и грмотевици, со дневни температури од 28 до 34 степени, а на североисток до 37 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:41 степенБалканотЗагребневремеРоманијасрбијатоплотен бранТурција
Претходен напис Во Гевгелија утре ларвициден и теристички третман против комарци
Следен напис Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?