Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ТИРЗ: Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ТИРЗ: Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ
Агровести

ТИРЗ: Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ

Објавено 16/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола. Компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги реализираат од извоз во ЕУ, САД, Азија, Блискиот Исток, Канада, Африка и Западен Балкан. Овие компании вработуваат повеќе од 3000 македонски граѓани. Инвестициските планови се од областа на металопреработувачката индустрија, автомобилска, фармацевтска, машинска, дрвна, градежништво, преработувачка и креативни индустрии.

Во следната фаза, инвестициските проекти ќе ги оценува петчлена комисија составена од повеќе независни експерти и организации, како и претставници на Меѓународната финансиска корпорација, ИФЦ. Критериуми за евалуација се пазарниот потенцијал, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот и влијание.

Ова е само прва фаза од Програмата за развој на добавувачи со која е предвидено да бидат опфатени 10 инвестициски проекти. Македонските компании чии инвестициски проекти ќе бидат избрани во оваа фаза ќе добијат техничка помош со цел да ги зајакнат извозните капацитети, да станат  поконкурентни и да бидат дел од синџирот на добавувачи на странските компании во земјава, но исто така ќе добијат и техничка помош за финализација на инвестициските планови. По успешно завршување на техничката поддршка компаниите ќе имаат можност да побараат финансиска поддршка за спроведување на инвестициските планови во рамките на програмите на ТИРЗ и Владата.

На презентација на проектот во јануари директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски истакна дека “ова е почеток на целосно нова програма, односно целосно ново поглавје во функционирањето не само на Дирекцијата за ТИРЗ, туку и генерално на Владата.„

„Повеќе од 20 години се зборува за тоа како домашните компании да ги интегрираме во системите за снабдување, за соработка со големите странски компании не само во земјава, туку и генерално во регионот и глобално, и ова е прв чекор во тој правец практично. Ова е почеток на целосно нова програма за поддршка на македонските компании чија цел е по завршувањето на првичната фаза за подготовка на инвестициски планови, дел од нив во скора иднина значи следните 2-3 години да станат подобни да инвестираат и во ТИРЗ, “ рече Деспотовски.

Jавниот повик за Развој на добавувачи наменет за домашни средни и големи компании го спроведува ТИРЗ во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, а поддржани од Швајцарскиот Секретаријат за Економски прашања, СЕКО. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инвестициски проектиИФЦкомпаниитехничка помошТИРЗ
Претходен напис Нивото на Црна кај Новаци речиси три пати пониско од просекот за февруари
Следен напис АФПЗРР : Исплатени субвенциите за 3187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?