Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ТИРЗ: До крајот на годината инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ТИРЗ: До крајот на годината инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места
Агровести

ТИРЗ: До крајот на годината инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места

Објавено 13/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3 000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

До крајот на годината, информира Деспотовски, се очекуваат инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места Деспотовски истакна и дека се во завршна фаза разговорите за две нови инвестиции за што очекува детали да бидат соопштени до крајот на летото, а во почетокот на следната недела доаѓа делегација од американско-тајванската компанија со чии претставници веќе се направени подготвителни разговори.

– Конкуренцијата е доста сериозна. Станува збор за голема инвестиција, спомнав некаде над 250 милиони евра, така што ќе работиме до крајот на годината, бидејќи најавите од компанијата се до крајот на оваа година да има конечна одлука за тоа дали ќе се избере прво регионот во однос на Кина, а доколку се избере регионот дали тоа ќе биде Северна Македонија, Србија или Хрватска, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања. Според него, минатата година просекот на платите во зоните првпат го надмина националниот просек.

-Дали се платите на задоволително ниво? Мојот став е дека не се. Сакам и очекувам и ќе работиме на тоа да растат уште подинамично. Добро е тоа што во Европа има компании кои се подготвени да платат и 30 проценти повисока плата од просечната, зборуваме за почетна позиција на работно место со средно образование, така што сметам дека имаме можност со паметен пристап и со развој понатаму не само кај постојните компании да поттикнеме дополнителен раст на платите, туку и во зоните да донесеме компании кои реално имаат можност заради дејноста што ја вршат, да плаќаат навистина поголеми износи, истакна Деспотовски.

На прашањето дали има доволно работна сила за фабриките во зоните, тој одговорни потврдно, изразувајќи уверување дека во некој краток или среден рок се уште ќе може да се одговори на потребите на компаниите.

-Се уште има, иако мислам дека не сме многу далеку од моментот кога ќе се соочиме реално со недостаток. Сега зборуваме за неколку крупни инвестиции што ги планираме до крајот на оваа година, тежината е некаде над 400 милиони евра и кои ќе ангажираат сигурно над 5 000 работни места. Тоа значи дека и со постојните кои се уште имаат работни места што треба да се пополнуваат, реално ќе се направи притисок на пазарот на трудот. Верувам дека имаме се уште резерви, дека има добар дел од младите луѓе кои се уште можеби не целосно ги согледуваат можностите што ги нудат компаниите во зоните, така што ќе се обидеме тие можности да ги донесеме што е можно поблиску до нив, рече директорот, пренесува МИА.


Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Кулеба: Украина и Русија на чекор до постигнување договор за извоз на житo
Следен напис Еко-свест: Напредок во напорите за подобра заштита на НП Маврово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?