Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен, акцијата се префрла од радовишка кон беровска страна на планината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен, акцијата се префрла од радовишка кон беровска страна на планината
Агровести

Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен, акцијата се префрла од радовишка кон беровска страна на планината

Објавено 29/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Попладнево на скопскиот аеродром треба да пристигне хеликоптер „Блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тона и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гасењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово.

Утре рано наутро се очекува и тимот од Словенија, составен од  61 пожарникар и 18 специјални возила за шумски пожари, кој ќе се придружи во акцијата.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во видеоизјава соопшти дека по синоќешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Берово е заклучено фокусот од денеска да биде префрлен од страната на Берово затоа што, рече, „од радовишка страна опасноста е отстранета, не само намалена“.

Посочи дека од рано утрото се спроведува „опсежна акција за стопирање на пожарот“ кој со денови беснее на планината Готен.

Дејствува хеликоптер на МВР, покрај силите на терен – локални пожарникари, 60 припадници на АРМ и 30 специјални припадници на полицијата и голем број екипи на ЈП Национални шуми.

-Четири „БТР 80“ на ДЗС се распоредени на стратешки позиции за во случај огнот да се приближи кон селото да може да дејствуваат со водни топови кои имаат дострел до 100 метри. Околу селата се распоредени и четири „хермелини“ и осум „пинцгауери“ како и голем број возила на територијалните противпожарни единици, комунални претпријатија итн., рече Ангелов.

Тој ги демантираше објавите во текот на ноќта дека пожарот дошол до селото Јаргулица, од радовишка страна на планината Готен, и соопшти дека во тој дел огнот е стопиран.

-За жал, тоа не е гаранција околу пладне, кога температурите се засилуваат, доаѓа до појава на огнот. Има ветер кој знае да биде прилично непријатен и ако се засили да ни предизвика големи проблеми, изјави Ангелов.

Директорот на ДЗС додаде и дека во акцијата за гасење на пожарот на Готен е на највисоко ниво соработката и координацијата меѓу сите институции – Главниот штаб за управување со кризи,  полицијата, Армијата, ДЗС, ЦУК, ЈП Национални шуми и локалните самоуправи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГотенпожаротсловенијатимовиЧешка
Претходен напис Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?