Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тигрестите комарци кои можат да пренесат опасни вируси се шират низ Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Тигрестите комарци кои можат да пренесат опасни вируси се шират низ Европа
Магазин

Тигрестите комарци кои можат да пренесат опасни вируси се шират низ Европа

Објавено 01/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здравствените власти во Париз за прв пат извршија дезинсекција за да ги убијат тигрестите комарци кои се размножија во француската престолнина и северна Европа поради климатските промени, пишува „Гардијан“.

Тоа е специфичен метод на дезинсекција, каде што инсектите се убиваат со употреба на гас и пареа под строго контролирани услови. Патиштата беа затворени и луѓето беа замолени да останат затворени во југоисточен Париз во раните утрински часови, бидејќи изведувачите за контрола на штетници прскаа со инсектицид на дрвја, зелени површини и други области каде што се размножуваат комарци.

Ваквите сцени се редовна појава во тропските градови, а сега се сѐ позастапени и во Европа, каде тигрестиот комарец пристигна од Југоисточна Азија. Овој инсект може да ги пренесе опасните вируси на денга, зика и чикунгуња, кои во добар број случаи може да завршат со смрт на заразените.

-Тоа беше прва дезинсекција во Париз, но не и прва во Франција“, рече Ане Соврис, заменик-градоначалничка на Париз задолжена за здравствена политика, истакнувајќи дека југот на земјата е заразен со тигрести комарци веќе неколку години.

Целната област на дезинсекција беше 150 метри околу куќата на лице кое се заразило со денга треска во странство, со цел да се намали ризикот од понатамошно пренесување на болеста. Лицето кое го вовело вирусот, имено, во случај на каснување од тигрест комарец, може и самиот да стане носител на болеста на другите, објаснуваат експертите. 

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:вирусиЕвропаТигрестите комарцишират
Претходен напис Неколку штетни состојки што треба да се избегнуваат во храната наутро
Следен напис Зголемен бројот на работници во индустријата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?