Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Температурните разлики главен виновник за слабата појава на печурки во Малешевијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Температурните разлики главен виновник за слабата појава на печурки во Малешевијата
Агровести

Температурните разлики главен виновник за слабата појава на печурки во Малешевијата

Објавено 21/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако е една од најбараните печурки во рана пролет, годинава поради температурните разлики печурката „смрчак“ во Малешевскиот регион се јавува поретко за разлика од претходните години. Софија Буровска, откупувач на печурки и шумски плодови од село Русиново, како причина за тоа ги наведува температурните разлики во утринските чaсови, поради кои како што вели таа, нема плодна почва за појава на овој вид на печурка.

-Иако е сезона на „смрчак“, моментно временските услови се непогодни. Многу влијаат ниските температури кои го уништуваат мицелиумот. Оваа печурка не ја консумира секој, а нејзината откупна цена која е повисока од другите печурки, кажува дека е специфична. Ја има на места по опожарување, но сезоната претежно е од април до 10 мај 2021 година – вели Буровска.

Поради затоплувањето, деновиве, додава, е можна повторна појава на „смрчак“.

-Влага има доволно, но ќе видиме овие денови дали ќе има нешто. Се зависи од самата природа, секако дека количински не може да има многу, но отприлика 100 до 200 килограми дневно може да се собираат, додава Буровска.

Според беровскиот откупувач на печурки, за оваа дополнителна дејност постои голем интерес во Малешевијата.

-Ова со короната што се случи сите не погоди, затоа што нема цени. И покрај тоа луѓето се заинтересирани. Јас одам во цела Малешевија и гледам дека има заинтересираност од тие што сакаат да имаат плус приходи. Константно собираат луѓето печурки, почнувајки од напролет кога е сезона на ливадарка, па потоа на ѓурѓевка, лисичарката која се јавува во јуни, па наесен доаѓа есенски вргањ, како и рујница. Исто така собираат и специфичните печурки како „црна труба„ и „овча шепа“, боров вргањ, што значи дека има што да се работи, но природата ќе даде одговор што ќе се случува, додава Буровска.

Највисоката цена за „смрчак“ во Малешевијата достигнала 1500 денари за килограм, додека годинава се движи до 500 денари. Македонските печурки се пласираат на западниот пазар, но поради коронавирусот и неработењето на рестораните изминатата година откупот бил драстично намален за разлика од претходните години пред пандемијата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берово
Претходен напис Во Крушево акција за пошумување
Следен напис Времето денеска сончево и топло, од утре нова промена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?