Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Таксата за јаглероден диоксид ќе влијае врз крајната цена на производот, но компаниите веќе размислуваат како да се справат со тоа, велат од МАМЕИ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Таксата за јаглероден диоксид ќе влијае врз крајната цена на производот, но компаниите веќе размислуваат како да се справат со тоа, велат од МАМЕИ
Агровести

Таксата за јаглероден диоксид ќе влијае врз крајната цена на производот, но компаниите веќе размислуваат како да се справат со тоа, велат од МАМЕИ

Објавено 24/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Таканаречената такса за јаглероден диоксид што ја воведува Европската унија, а која ќе треба да ја плаќаат извозните компании од 1 јануари, ќе се одрази врз крајната цена на производот, велат од Македонската асоцијација на метална индустрија МАМЕИ. Оттаму посочуваат дека македонските компании кои се засегнати од оваа нова давачка, веќе се подготвуваат, но дека би им биле добредојдени поволни зелени кредити, барање што го пласираше Стопанската комора на Северна Македонија. 

– Во секој случај цената ќе биде оптеретена и компаниите се подготвуваат да се соочат со тоа. Цената ќе трпи, секако тоа е домино ефект, но сметам дека компаниите се подготвуваат долго време и секој веќе размислува како да се справи со тоа, вели Марта Наумовска – Грнарова од МАМЕИ. 

Во изјава за медиумите, Наумовска-Грнарова вели дека кредитните линии би биле добредојдени. 

Засега, не се знае колкава ќе биде давачката што ќе треба да ја плаќаат македонските извозни компании од челичната, алуминиумската, цементната индустрија…

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на последната средба со Стопанската комора на Северна Македонија изјави дека следната недела во земјава треба да пристигне Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница со кого ќе разговара за деталите. 

– Ни беше укажано дека ќе се земе миксот на Македонија како држава. Тоа значи дека ние минатата година 40% имаме производство на електрична енергија од обновливи извори, и дека ќе биде тој микс. Нема да се гледа поединечно, туку за државата како една целина. Тоа беше кажано минатиот пат, меѓутоа нема ништо дефинитивно. Точни информации и податоци нема, ќе разговараме и со Министерството за европски прашања, бидејќи тие комуницираат со Брисел и следната недела се надевам ќе имаме повеќе детали, изјави Божиновска.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:јаглероден диоксидМАМЕИТаксата
Претходен напис Од понеделник почнува „Технома 2025“ со фокус на одржливите решенија и технолошките иновации
Следен напис Експертите предупредија за „лажна есен“: Овој феномен ретко се гледа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?