Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сѐ позачестени нападите на волци на фармите во Варна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сѐ позачестени нападите на волци на фармите во Варна
Агровести

Сѐ позачестени нападите на волци на фармите во Варна

Објавено 12/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од селата во Варна, Бугарија, пријавиле задавени животни со траги од заби. Инцидентите започналe во втората половина на декември и продолжуваат до денес.

Златина Георгиева на Божиќ на својата фарма пронашла 5 мртви телиња од кои секое тежело околу 350 килограми. Загрижената домаќинка го споделила проблемот со колегите од соседните населени места. Се покажало дека случаи на угинати животни има и во блиското село Изгрев. Таму земјоделците биле сведоци на нападот на волци кои задавиле 2 кози. Во своевидна истрага, оштетените земјоделци дошле до заклучок дека волкот или волците биле околу селото Изгрев до 20 декември, а потоа околу 25 декември се преселиле и почнале да го напаѓаат селото Изворско кое е на 12 км далеку.

„Првпат ми се случува вакво нешто. Волкот ги прескокнува електричните огради, ги брка телињата и го дави она што ќе успее да го фати“, вели Златина Георгиева.

Семејството одгледува вкупно 90 крави, јуници и телиња на фарма лоцирана на периферијата на селото. Во овој имот им е и семејната куќа, па животните не се сами навечер. Златина упати повик до градоначалникот на селото и до Подрачната полиција. Тој треба да го извести и шумското стопанство за ловџиите да организираат лов на волци.

Во овој период од годината ловците излегуваат да отстрелуваат штетен дивеч.
„Волците треба да се демнат ноќе кога се активни и напаѓаат животни. Се надевам дека нема да има напади врз луѓето“, вели загриженaта фармерка, пренесува agri.bg.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:бугаријаварнаволци
Претходен напис Поради високата снежна покривка општина Кавадарци апелира граѓаните да не патуваат
Следен напис (Фото) На овој европски остров магарињата носат пижами, но не како туристичка атракција, туку од практични причини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?