Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години
Агровести

Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години

Објавено 08/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во февруари светските цени на храната паднаа на најниско ниво во последните три години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Во февруари забележан е меѓумесечен пад на цените на сите главни жита и растителни масла, што повеќе од надомести за поскапувањето на млечните производи, месото и шеќерот.

Индексот на светските цени на храната за февруари падна од јануарските 118,2 поени на 117,3 поени, продолжувајќи го падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на ФАО. Вредноста на овој индекс е 10,5 отсто или за 13,8 поени пониска во однос на февруари 2023 година.

Цените на житариците паднаа за пет отсто на 113,8 поени на месечно ниво поради големата понуда на пазарот и очекувањата за добра жетва на пченка во Јужна Америка, а цените на растителните масла за 1,3 отсто на 120,9 поени. Показателот за цените на млечните производи се зголеми за 1,1 отсто, на деветмесечниот максимум од 120 поени, а најмногу пораснаа цените на путерот поради поголемата увозна побарувачка од азиските купувачи.

Цените на месото, по седум последователни месеци пад, во февруари пораснаа за 1,8 отсто на 112,4 поени, главно поради повисоките цени на живинското и говедското месо. Индексот кој ги следи цените на шеќерот се зголеми за 3,2 отсто на 140,8 поени поради загриженоста за производството во Бразил, Индија и Тајланд. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:најнискиСветските ценифевруарихраната
Претходен напис АХВ: Повлечена Милка Орео 37гр. поради присуство на пластични фрагменти
Следен напис Времето денеска ќе биде облачно со слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?