Фармери од Германија постигнаа светски рекорд така што паркираа трактор тежок 8 тони на 12 празни пивски шишиња. Како изгледало тоа?
На југот на Германија, во срцето на Баварија се наоѓа општината Малерсдорф-Фафенберг, од која доаѓаат фармерот Стефан Петке и неговиот син Фабиан Шремпф, кои се одлучиле за необичен потфат. Имено, се обиделе да го освојат светскиот рекорд во паркирање на трактор на празни пивски шишиња.
Својот трактор Deutz-Fahr, тежок осум тони се обиделе да го стават на 12 празни шишиња. Но, тоа како да не им било доволно, па го поставиле во временски термин од три минути.
Четворицата учесници во дворот на семејната куќа на Петке поставиле своевидна рампа од дебели греди, а помеѓу нив по три шишиња. Под нив и на нив ставиле штици, доволно за на нив да застане тркало.
Цело време на главите имале заштитни визири во случај шишињата да пукнат под огромната тежина на тракторот.
Откако младиот возач една минута маневрирал доведувајќи го тракторот на гредите, следувало и нивно внимателно отстранување. Вистинското изненадување следувало после тоа. Тркалата на „џинот“ стоеле на стаклените шишиња, а истовремено таткото и синот постигнале рекорд за кој добиле признание од Германскиот институт за рекорди (Rekord-Institut für Deutschland).
Како изгледало ова погледнете на овој линк: https://www.br.de/mediathek/video/heimat-der-rekorde
Извор: agroklub.com
