Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија
Агровести

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија

Објавено 20/05/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај.

Неопходно е, истакнаа учесниците, да се препознае улогата на пчелите во екосистемот, да се подигне свеста за нивната важност како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот не само на хуманата популација, туку и на целата планета.

Како што беше напоменато, бројот на пчели се намалува поради многу фактори како климатските промени, интензивното земјоделство, употребата на пестициди, губењето на биолошката разновидност и загадувањето, а со тоа опаѓа и производството на пчелините производи – мед, перга, полен, матичен млеч, восок, пчелин отроов, кои се од исклучително значење за луѓето. Во земјава, просечната годишна продукција е сведена на 10 килограми мед по пчелно семејство. 

null

-Мора да бидеме се посвесни дека пчелите ни обезбедуваат производи кои се сметаат за висококвалитетна храна, но тие имаат најголем придонес и од аспект на опрашувањето. Пчелите опрашуваат речиси три четвртини од сите растенија, а секоја трета лажица од храна во светот зависи од опрашувачите. Според научните студии, има се поголеми негативни влијанија врз здравјето на пчелите поради што тие се се позагрозени. Затоа е неопходна грижа за нивниот опстанок. Пчелите се грижат за биолошката разновидност и имаат позитвен ефект врз екосистемот, рече словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. 

Тој потсети дека Словенија во 2011 година беше една од првите земји во ЕУ што ја забрани употребата на некои од пестицидите кои се најштетни за пчелите.

-Со оглед дека веќе седум години го одбележуваме овој Ден, верувам дека светот почна пошироко да размислува за пчелите, особено во однос на обезбедување услови за нивен опстанок, а со тоа и опстанок на луѓето. Со денешниот настан сакаме да ја подигнеме свеста за важноста од заштита на пчелите и другите опрашувачи, нагласи Прескер. 

null

Според деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), Миле Маркоски, најголема закана за пчелите е употребата на забранети заштитини средства во градинарството, овоштарството и поледелството кои директно влијаат врз намалување на бројот на пчелите. 

-Затоа е неопходно да се употребуват пестициди кои се на листата одобрени средства за заштита, потенцира професорот.

Марина Митревска која одгледува пчели 26 години и има преку 150 кошници, укажа дека овоштарите не треба прскаат кога пчелите се надвор, туку во раните утрински часови, како и дека не треба да употребуваат јаки отрови и заштитните хемиски средства да ги заменат со органски.

-Целото мое семејстгво се занимава со пчеларство. Од пчелата имаме многу производи и за тоа мора да бидеме свесни. Ако не постои пчелата нема да може да се опрашуваат дрвјата, нема да има овошје и други видови прехранеби производи. Некои научници велат дека ако пчелите изумрат, луѓето ќе имаат живот уште најмногу пет години потоа. Летната пчела живее околу 40 дена, а зимната до три месеци.   Климатските услови го намалија производството, годишниот просек е се помал. Кај нас изнесува 10 килограми на почелно семејство, а цената на медот е од 600 денари нагоре. Ако времето е неповолно, пчелите не можат да соберат нектар од цветовите.  многу е важно потрошувачите да ги запознаат произвопдителите и да имаат доверба во нив, да знаат дека купуваат вистински мед. Има се уште проблем со дивите продавачи на фалсификуван мед, вели таа.

Тема на Светскиот ден беше „Младите ангажирани во заштита на пчелите”. Настанот во чии рамки имаше и  ликовна колонија на теми посветени на пчелите, се одржа под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), а присуствуваа и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова,резидентната координаторка на ОН во земјава, Росана Дудзиак, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и претставници од партнерските организации во областа на пчеларството и заштитата на животната средина.

По завршувањето на официјалниот дел, во ,„Паркот на пчелата“ пред ФЗНХ беа засадени медоносни растенија.

null

Одбележувањето на Светскиот ден почна на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз. Иницијативата беше усвоена од ОН во 2017 година, а 20 мај, роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша, е прогласен за Светски ден на пчелите. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пестицидипчелатарастенијасветски денупотребата
Претходен напис Поевтинуваат бензините и дизелот
Следен напис Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?