Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на иновациите: Повик за мапирање на македонските социјални претпријатија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на иновациите: Повик за мапирање на македонските социјални претпријатија
Агровести

Светски ден на иновациите: Повик за мапирање на македонските социјални претпријатија

Објавено 21/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Светскиот ден на креативноста и иновациите -21 април, здружението „АРНО“ заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво „ИНОВА, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Здружението „Конект“ и Бизнис Импакт Лаб,   ги повикуваат сите македонски социјални претприемачи да се приклучат на најважната европска анкета „Европски монитор за социјални претпријатија“ (ESEM). Анкетата е кратка, трае околу 15 минути, а податоците ќе бидат прикажани во компаративен европски извештај. Повеќе информации за пополувањето и пристап до самата анкета има на овој линк.

На Светскиот ден на креативноста и иновациите, здружението АРНО и партнерите потсетуваат дека најголемите иновации не доаѓаат секогаш од лабораториите, туку од потребата да се реши конкретен општествен или еколошки проблем. Социјалните претпријатија се токму тоа – иновативни модели кои „отскокнуваат“ од класичниот бизнис за да понудат решенија таму каде што каде што постоечкиот систем сè уште нема одговор. 

„Ние сме мала земја, ама сме иновативни и сега е време да покажеме што имаме. Ги повикуваме сите кои се идентификуваат како социјално претпријатие — здруженија со економски активности, задруги, занаетчии или земјоделци со социјална мисија, фирми со работна интеграција — да ја пополнат анкетата. Ем за да покажеме што имаме од локални примери, ем за да добиеме податоци до каде сме и што следно треба да се преземе во делот на давање соодветна поддршка“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Дека иновациите во овој сектор носат реални промени, потврдуваат бројните светски и домашни примери. На глобално ниво, социјалните иновации како Fairphone го револуционизираат пазарот на електроника преку поправливи телефони, додека виенското кафуле Vollpension ги претвора вештините на пензионерите со помали примања во хит туристичка атракција. Во Македонија, АРНО низ годините поддржува ентузијасти кои преку креативност решаваат локални предизвици. Примери за вакви иновативни модели се Мирјана Јосифоска, која од текстилен отпад создава дизајнерски шапки нудејќи фер работа за шивачките од Полог, Кристијан Шопов (Кико Магико), кој преку магионичарски настапи ги едуцира најмладите за зачувување на природата, како и Марија Дуда со нејзиниот ранч за спасени животни во Ранковце, каде се спроведува терапија со коњи за дечиња со аутизам. 

„Европскиот монитор за социјални претпријатија“ е најголемата студија во Европа која обединува над 30 земји. Поседувањето повеќе знаење за секторот овозможува финансирањето и политиките на ЕУ и националните стратегии подобро да се прилагодат на потребите на социјалните претприемачи. Анкетата се спроведува во 42 држави, на 32 јазици. 

„АРНО преку проектот „Инвестираме во промени“  има шанса одблиску да ги следи трендовите на социјалното или импакт претпримеништво. Се повеќе се зборува за инвестиции, кредитни линии, а се помалку за грантови. Ова е одлична вежба да се преброиме кои сме, колку сме и до каде сме во Македонија, за да знаеме што е следно. Ние се вклучивме во овој процес про-боно, од искрена желба ем да добиеме податоци, ем да се појават македонски ентитети на платформата. Помогнете ни да ги поставиме и македонските социјални претпријатија на мапата, со што ќе отвориме пат кон економија во која луѓето и планетата ќе бидат на прво место!„ -пренесуваат од АРНО. 

Проектот „Инвестираме во промени“ е пионерска иницијатива финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да развие поповолна средина за социјално претприемништво во Западен Балкан преку подобрување на пристапот до финансии, вклучување на релевантни чинители и инвеститори и унапредување на политиките во оваа област. Проектот го координира Impact Europe, а се спроведува во партнерство со АРНО (Македонија), Partners Albania (Албанија), Смарт Колектив (Србија), Фондација 787 (Босна и Херцеговина), АДП-Зид (Црна Гора) и ИЦК (Косово).

Тимот на АРНО

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:иновациитемапирањепретпријатијасветски ден
Претходен напис Поради влажни коловози и одрони се препорачува внимателно возење во поширокиот дебарски регион
Следен напис (ЖИВО) Прес конференција на Цветан Трипуновски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?