Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка: Северна Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Светска банка: Северна Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени
Агровест

Светска банка: Северна Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Објавено 07/10/2024
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 6,4 милијарди долари ќе и требаат на земјава во следната деценија за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, за ефикасна заштита на луѓето и имотот. Секој долар од овие инвестиции сега, ќе испорача два до десет пати повеќе поврат во иднина заради избегнати загуби и економски копридобивки. Северна Македонија може да стане земја со нето нулта емисии ако инвестира 5,6 милијарди долари до 2050 година во декарбонизација на енергетиката, транспортната индустрија и градежниот сектор. Но, ова се големи бројки и владите сами не ќе можат да ги постигнат, па 85 проценти на декарбонизацијата може да доаѓа од приватниот сектор, порача денеска директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, презентирајќи дел од Извештајот за климатски промени и развој на земјата (CCDR).

Според Извештајот, во отсуство на инвестиции за адаптација, Северна Македонија поради климатските промени до 2050 година би можела да се соочи со економски штети до четири проценти од бруто домашниот производ (БДП).

-Со „зелената“ транзиција околу 66 000 работници во Северна Македонија ќе бидат под најголем ризик да ги загубат своите работни места и ќе треба да ги променат своите занимања. За да одговори на овие нови барања, земјата треба да ги адаптира образовниот систем и механизмите за социјална заштита, да ги преквалификува луѓето и да изгради здравствен систем што ќе ја поддржи „зелената“ транзиција, ќе ја зголеми отпорноста на климатските шокови и ќе се прилагоди на промените во обрасците на болести, се наведува во извршното резиме на Извештајот.

Подвлечено е и дека со разорните поплави и екстремните поројни дождови и топлотни бранови кои предизвикаа загуби од 667 милиони американски долари во последните 20 години, климатските предизвици на Северна Македонија само растат.

Во однос на декарбонизацијата, се посочува дека мобилизирањето финансиски средства подразбира издавање „зелени“ обврзници, пристапување кон јавно-приватни партнесртва (ЈПП) и искористување на претпристапните и гаранциските европски фондови.

-Северна Македонија би требало да инвестира дополнителни 1,7 милијарди долари до 2030 година и 5,6 милијарди до 2050 година во енергетскиот систем за да постигне нето нула на ниво на целата економија што е еквивалентно на околу 2,6 проценти од БДП годишно, во просек. Поголемиот дел од дополнителната инвестиција до 2050 година би отишол во секторот за електрична енергија и би бил најмногу насочен кон зголемување на капацитетите за производство на обновливи извори. Сепак, поголемите потребни инвестиции барем делумно би биле компензирани со пониски оперативни трошоци. Влијанието на инвестициите за декарбонизација врз домашното производство би било скромно во однос на значајното намалување на емисиите. БДП по глава на жител би бил само 0,3 отсто понизок во 2050 година, стои во Извештајот.

-Постигнувањето нето нула емисии до 2050 година е остварливо за Северна Македонија, но ќе бара значително зголемување на инвестициите. Мобилизирањето на приватниот капитал ќе биде клучно за забрзување на „зелената“ транзиција и поттикнување одржлив економски раст на долг рок. Овие инвестиции опфаќаат изградба на 6,9 GW капацитети за обновлива енергија, електрификација на клучните сектори како транспортот – каде се очекува 90 отсто од патничките возила да бидат електрични до 2050 година и зголемување на енергетската ефикасност за годишна заштеда од 36 проценти топлинска енергија, рече Николас Маркиер, регионален менаџер на ИФЦ за Западен Балкан. 

Според Светска банка, фискалната политика е клучна за забрзување на транзицијата кон позелена економија. Прегледот на јавните финансии за климатските промени во Северна Македонија кој исто така беше презентиран денеска, подвлекува дека даночните политики може да поттикнат обновлива енергија, „зелен“ транспорт и одржливи технологии со укинување на субвенциите за електрична енергија од јаглен и истовремено да помогнат да се заштитат ранливите домаќинства од зголемените енергетски трошоци.

Како што е наведено, климатското означување на буџетот и „зелените“ јавни набавки можат да помогнат во следењето на „зелените“ финансии и засилувањето на „зелената“ потрошувачка.

Прегледот на јавните финансии за климатските промени а нагласува и итноста од воведување цена на јаглеродот за намалување на емисиите на стакленички гасови и генерирање значителни приходи за државата, потенцијално до 730 милиони евра годишно, кои може да се искористат за потребни инвестиции во ублажување на последиците и адаптација, како и за праведна транзиција.

-Приходите од цените на јаглеродот би можеле да ги поддржат домаќинствата и бизнисите за време на зелената транзиција, истовремено обезбедувајќи и други придобивки како подобрен квалитет на воздухот и здравјето во Северна Македонија, напомена Сања Маџаревиќ- Шујстер, виша економистка во Светска банка и главна авторка на Извештајот.

Пред присутните се обрати и првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој истакна дека климатските ризици се закана за стабилноста на екномијата, здравјето на населението и животната средина.

-Домашните и глобалните напори за декарбонизација ја нагласуваат потребата од силни политки  и рамки за финансирање, но и од добро планирани и сеопфатни климатски акции. Од оваа причина, двата извештаја на Светска банка ќе бидат од исклучителна важност за државата кон декарбонизација и отпорност кон климатските промени, рече Меџити.

Владата, дополни министерот, е свесна за потребата од реструктуирање и спроведување системи и планови за управување со ризици од катастрофди, за потребата од трансформирање на електоренергетскиот сектор и модернизација на земјоделството, како и за спроведување програми за зајакнување на енергетската ефиканост.

-Работиме на нацрт-аконот за климатска акција во кој се вградени забелешките и се комплетирани мислењата од сите релевантни институции. Очекуваме да се достави до Владата кон средината на октовмри, информира Меџити. 

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
Следен напис Од ноќеска безнините и дизелот поскапуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?