Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светлото овошје и зеленчук во битката против затнати синуси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Светлото овошје и зеленчук во битката против затнати синуси
Магазин

Светлото овошје и зеленчук во битката против затнати синуси

Последна измена: 05/01/2024 14:31
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Главоболкa и затнат нос се главните признаци на инфекција на синусите. Синусите се наоѓаат во пределот кај очите, носот, јаготките и челото, а слузот што го лачат служи за задржување на бактериите. Оваа слуз обично се испушта од носот, но настинките, грипот, респираторните болести и алергиите може да предизвикаат воспален и отечен нос. А пак, затнатите синуси водат кон насобирање слуз исполнета со бактерии. За ублажување на симптомите на оваа непријатна појава, се прпорачуваат повеќе намирници што го зајакнуваат имунитетот и помагаат во заздравувањето.

Пред сè, за полесно справување со воспалението, покрај лековите, се препорачува и пиење повеќе течности и урамнотежена исхрана.

Ѓумбир

Ова е една од најделотворните намирници во случај на воспаление на синусите, особено ако причинител се алергии. Научен труд објавен во „БМЦ комплементари енд терапис“ (BMC Complementary Medicine and Therapies) покажа дека земањето 500 милиграми ѓумбир секој ден ги ублажува симптомите на алергија подеднакво делотворно како и 10 милиграми антиинфламаторен лек.

Во таа смисла, и чај од ѓумбир може да биде полезен. Иако можеби нема да ги има истите ефекти како ѓумбирот во цврста состојба, и сокот од ѓумбир без додадени шеќери, исто така, може да биде еден од најдобрите напитоци против инфекции на синусите.

Лук и кромид

Сечканиот лук ослободува алицин – супстанција со антибактериско и антимикробно дејство во борбата против вирусите, настинките и насобирањето слуз во синусите. Сепак, според Медицинскиот универзитет во Рочестер, Њујорк, САД, потребни се повеќе испитувања за подобро да се разбере како лукот може да ги третира овие проблеми. И кромидот содржи алицин, и може да помогне во случај на инфекција на синусите и затнат нос.

Разновидно овошје и зеленчук

Според напис објавен во „Адвенсес ин нутришн“ (Advances in Nutrition), одредени соединенија во светло обоените овошја и зеленчук, како што се каротеноидите и флавоноидите, може да имаат антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти што му помагаат на телото да функционира подобро. Тука главно спаѓаат: јагоди, боровинки, цреши, портокали, домати, спанаќ и кељ.  

МИА

Може да ви се допадне

Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Универзална маринада за сите видови месо! Совршена за ребра и пилешки крилца
Намирници корисни за бактериите во цревата
Завршен настан од проектот „Тејст д вејст“
Таг:биткатазатнатизеленчукСветлото овошјесинуси
Претходен напис Храна за подобро расположение во тмурни денови
Следен напис АХВ: Во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа регистрирана африканска чума, воспоставена заштитна и зона под надзор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?