Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, во моментот нема активни пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, во моментот нема активни пожари
Агровести

Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, во моментот нема активни пожари

Објавено 05/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, соопштија денеска надлежните од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. Сува трева и стрништа гореле во липковските села Матејче, Отља и Слупчане. Пожарникарите успеале да ги изгаснат. Трева и стрништа гореле и во кумановските села Четирце и Љубодраг.

– Пожарите се локализирани и завршени, моментално на територијата на општините Куманово и Липково нема активни пожари, велат од РЦУК Куманово.

На пожарите во липковско интервенирале и припадници на „Национални [уми“.

– Сите пожари се изгаснати. Многу е важно граѓаните да внимаваат и одговорно да се однесуваат, изјави в.д директорката на кумановската подружница на „Национални шуми“, Катица Станковска Ристовска.

Подружницата располага со едно противпожарно возило кое вработените во подружницата изминатиов период го користеа за гасење пожари на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

– За проценка колку површина е зафатено сè уште не можеме детално да кажеме. Наскоро ќе почнат проценките за штетите за зафатаената површина во овој регион. Последниот пожар што беше на 3 август, годинава во село Жегљане во Старо Нагоричане според првична проценка на шумарите, зафатени се околу 20-тина хектари, сува трева, деградирана шума. Во самото село изби пожарот. Со интервенција на пожарникарите од Старо Нагоричане и Куманово и нашите вработени, пожарот е целосно локализиран, изјави Станковска Ристовска.

Во однос на кадарот, таа објаснува дека имаат вработени кои веќе се при крајот на работниот стаж, најголем дел над 60 години.

– Има недостаток на работна сила во поглед на шумочуварската служба во однос на помлад кадар. Но, успеваме сега засега и се справуваме со испраќање на тимови, изјави Станковска Ристовска.

Територијата која ја покрива кумановската подружница на „Национални шуми“ е прилично голема со три општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:КумановсколипковскопожаристрништаСува трева
Претходен напис Хеликоптери и денеска дејствуваат на пожарите во охридско, Пецаков оптимист дека во текот на денот ќе биде изгаснат пожарот над село Косел
Следен напис Истражување: Ноќното улично осветлување ги прави лисјата нејадливи за инсектите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?