Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушата и студените ноќи ги оставија печуркарите без заработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сушата и студените ноќи ги оставија печуркарите без заработка
Агровести

Сушата и студените ноќи ги оставија печуркарите без заработка

Објавено 27/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава ќе биде запаметена како една од најсиромашните за печуркарите во Кичевско-бродскиот регион. Во сите периоди кога растат печурките имаше голема суша или студени ноќи што ги остави печуркарите без планираната заработка.

-Како ретко која година во изминативе две децении, годинава имавме исклучително слаб род на печурките во нашиот регион. Како природата да се завери против нас. Во летните месеци кога беше потребна поголема влага во почвата изостанаа дождовите или тие беа недоволни да го навлажнат површинскиот слој, а камоли нешто повеќе, и затоа имаше целосно потфрлање на родот. Кога се понадевавме дека есенва ќе даде Господ повеќе род, дождови имаше доста обилни, но затоа, пак, немаше доволно топлина во почвата и студените ноќи беа главната причина и во овој период печурките целосно да потфрлат – посочи Стојко Милошески, одличен познавач на оваа габа и долгогодишен откупувач на печурки.

Сите печуркари од регионот со слични искуства се пожалија на климатските промени, што придонесоа печурката целосно да потфрли.

-Три децении сум целосно посветен на печуркарството, но како годинава слаб род никогаш не паметам. Во изминатите пет месеци кога растат печурките или имавме долготрајна суша или студени ноќи. Ниту едното, ниту другото оди во прилог на оваа габа. Во еден краток период летоска имаше нешто вргањ во повисоките делови од планините, но тоа беше далеку од просечниот род. Против природата не се може, да очекуваме работите да се променат до година и да имаме побогата сезона со печурки – рече Јане Јанески, печуркар од Кичево.

МИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:печурки
Претходен напис Светот во постојана борба против климатските промени
Следен напис Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?