Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушата ги порази производителите на сончоглед: Бараат дополнителна субвенција од 7 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сушата ги порази производителите на сончоглед: Бараат дополнителна субвенција од 7 денари
Агровести

Сушата ги порази производителите на сончоглед: Бараат дополнителна субвенција од 7 денари

Објавено 14/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на сончоглед од земјава во најголем дел од Пелагонискиот регион на денешната средба во фабриката „Кристал 1923“ во Велес, која е нивни откупувач преку медиумите од Владата и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, побараа помош од 7-8 денари по килограм предаден сончоглед.

На средбата земјоделците се пожалија дека најголем дел од нив, поради сушата односно, како што велат, ниту капка дожд од сеидбата до жетвата на сончогледот, оваа реколта не успеале да соберат по минимални 1,5 тон сончоглед од хектар, што е лимит за да добијат субвенции, а поради што и ја бараат поодршката од надлежните.

Тоде Лазаровски од село Ивањица, Општина Могила во изјавата за МИА, се жали дека годинава поради сушата нaместо 1,5 тон по хектар годинава собрал едвај 700 килограми по хектар што е за половина помалку од лани поради што тој и голем дел од останатите земјоделци на сончоглед не успеале да добијат субвенција од државата.

Лазаровски од свое име и од името на останатите производители на сончоглед од Пелагонискиот регион кој е најголем производител во земјава и од останатите региони под итно бараат поддршка од Владата и МЗШВ од 7-8 денари по предаден килограм.

-Поради сушата годинава имаме многу намалено производство, од сеидба до жетва годинава не заврна ни капка дожд. Јас годинава собрав само 35 тона, а требаше да соберам 100 тона, поради што заедно со останатите земјоделци и ја очекувам подршката од Владата и МЗШВ која лани исто така поради сушата ни помогна со дополнителни по 5 денари од предаден сончоглед, појасни Лазаровски.

Тој  се жали дека три години поради суша имаат намалено производство, а кое е драстично намалено годинава. Воедно дека најголем дел од средните производителите на сончоглед во земјава меѓу кои е и тој, земале земја под закуп од државата која е во трета, четвртта и петта класа, а од која и не можат да се добијат големи приноси на сончоглед.

Од  АД „Кристал 1923“ кои се нивни најголем откупувач за МИА, потенцираат дека фабриката, како и досега ги поддржува земјоделците со аванс, семе и заедничка кампања. Воедно и годинава ги подржува во нивните барања за добивање на дополнителна поддршка од државата. А.Д„Кристал 1923“ лани откупи 3 800 тони сончоглед, а годинава само 3 200 тони сончоглед, а кој го користи како суровина за производство на масло за јадење. Тие се единствени во земјава што откупуваат сончоглед од производителите во земјава.

Од Фабриката лани на земјоделците им исплаќаа по 20,5 денари по килограм плус ДДВ, а годинава 24 денари плус ДДВ, а цената на маслото за јадење остана иста иако имаат дополнителни давачки меѓу кои и повисоката откупна цена, потенцираат од АД „Кристал 1923“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Митатподдршкасончогледсубвенции
Претходен напис Ѓорѓиевски: Мерките на Владата кои се носат заедно со бизнис секторот се клучни за целото стопанство
Следен напис Во декември ќе се знае дали Македонците ќе патуваат без зелен картон во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?