Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушата ги диктира цените на житарките на светските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Сушата ги диктира цените на житарките на светските пазари
Пазари

Сушата ги диктира цените на житарките на светските пазари

Објавено 11/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради неповолните временски услови, цените на пченицата повторно пораснаа. За ова придонесуваат сушите во Франција, Германија, САД и Индија, пренесува Агрархеуте.

Средниот запад на САД и јужните области, долго време владееше суша, а врнежите беа помалку интензивни од очекуваното. Сеидбата на пченка оди бавно.

Цените на пченицата на европскиот и меѓународниот пазар остануваат нестабилни. Покрај сушата, на нив влијаат и последиците од војната во Украина, бавното сеење на пченката и побарувачката на кинескиот пазар.

На крајот на минатата недела тие се искачија на 406,50 евра за мајскиот договор на фјучерс пазарот во Париз, а новиот род беше продаван за 397,50 евра. Во германското извозно пристаниште Хамбург вредноста на лебната пченица беше 406 евра за тон по падот во текот на неделата.

Франција и Германија загрозени поради сушата

Отсуството на врнежи и недостатокот на влага во земјата неповратно ќе се одрази на намалување на приносите во овие две земји, кои се најголеми производители на житни култури во Европската Унија.

Жан-Шарл Десварт, агроном во Институтот за одгледување Арвалис, рече дека во Франција имало 30 отсто помалку врнежи од 1 јануари до почетокот на мај од просекот во последните 20 години. Покрај недостатокот на влага, во наредните десет дена се најавува и пораст на температурата. FranceAgriMer веќе ја намали проценката на залихите на пченица особено за регионите во северниот дел на земјата.

Прогнозата на Европската комисија за жетвата на оваа житарка е на минатогодишното ниво од околу 130 милиони тони, но се очекува и залихите да паднат на 12,6 милиони тони, особено поради извозот од 40 милиони тони.

Сеидбата на пченка забавена, а цените растат

Временските услови во САД го диктираа темпото на сеидбата на пченката, а според податоците од 1 мај таа е завршена само на 14 отсто од површината. Во истиот период лани биле засеани 42 отсто од површината. Ова одложување би можело да ја пролонгира сеидбата на соја.

Украина организира извоз преку железница и романското пристаниште Констанца. Склучени се договори со Бугарија, Полска и балтичките земји за извоз преку овие земји.

Во Европа има пад на побарувачката на пченка, пред се поради птичјиот грип, но и поради поевтината пченка која доаѓа од Канада и Јужна Америка. Цените на пченката на фјучерс пазарот во Париз за мајскиот договор скокнаа на 361,50 евра, а новиот род се продаваше за 344,50 евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:пченицацарина на пченката
Претходен напис Укината одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед
Следен напис Николовски: Големиот интерес кај земјоделците на јавниот оглас за доделување на земјоделско земјиште ме прави среќен дека успеавме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?