Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Судот на правдата на ЕУ ги укина ограничувањата за купување земјоделско земјиште во Бугарија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Судот на правдата на ЕУ ги укина ограничувањата за купување земјоделско земјиште во Бугарија 
Агровести

Судот на правдата на ЕУ ги укина ограничувањата за купување земјоделско земјиште во Бугарија 

Објавено 20/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европскиот суд на правдата донесе пресуда со која се укинуваат ограничувањата со кои се соочуваат граѓаните на ЕУ при купување земјоделско земјиште во Бугарија. 

Ваквата пресуда следи по повеќе од 17 години од приклучувањето на Бугарија кон ЕУ. Софија имаше обврска да ги укине овие ограничување најдоцна до 2014 година, но бугарскиот Парламент усвои измени на Законот за сопственост и користење на земјоделските површини, со кои овозможи стекнување сопственички права на земјоделско земјиште само за лица кои престојуваат во Бугарија повеќе од пет години. 

Судот оцени дека оваа одредба е во спротивност со член 63 од Договорот за функционирање на Европската Унија, бидејќи „го ограничува слободното движење на капитал“. Дополнително, како што се наведува во пресудата, Договорот на ЕУ не дозволува земја членка да воведува вакви ограничувања. 

Постапка за ова прашање прво покренаа австриски државјани кои живеат во Бугарија и кои сакаа да купат три ниви во близина на црноморскиот град Бургас. По препорака на ЕУ, Бугарија мораше да ги укине овие ограничувања најдоцна до 1 јануари 2014 година, но тоа не се случи со измените на Законот што ги иницираше Бугарската социјалистичка партија (БПС) и кои беа прифатени од Собранието во Софија.  

Откако, Бугарија не ги исполни своите обврски, Европската комисија покрена постапка против земјата за ова прашање пред Судот на правдата, врз основа на која е донесена сегашната пресуда.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:БугаријаЕУземјакупувањеограничувањатаСудот на правдата
Претходен напис Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег
Следен напис Суво и многу студено време со минусни температури до среда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?