Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе биде организатор и домаќин на третата студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“.
Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отворат деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Емилија Арсов и проректорот за настава на Универзитет „Гоце Делчев“ проф. д-р Мишко Џидров.
Во рамки на конференцијата ќе има презентации на фирми, ќе се дискутира за потребата од имплементација на дигитални технологии во земјоделството и ќе бидат претставени четири успешни студентски приказни. Ќе бидат доделени награди, сертификати и благодарници за учество.
