Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Струјата поскапува од 1 јануари – сметките ќе бидат повисоки од 57 до 900 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Струјата поскапува од 1 јануари – сметките ќе бидат повисоки од 57 до 900 денари
Агровести

Струјата поскапува од 1 јануари – сметките ќе бидат повисоки од 57 до 900 денари

Објавено 23/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Струјата поскапува од 1 јануари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Од Нова година граѓаните ќе плаќаат за 2,45% поскапа струја во првиот блок, а за 2,87% во вториот блок. Цената за третиот блок се зголемува за 3,32%, а за четвртиот 3,84%. За евтината тарифа Регулаторна одлучи цената да се зголеми за 2,50%. Според првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски, зголемувањето е минимално во однос на барањето кое пристигнало од ЕВН Хоум. Се движело од 7,6 до речиси 12 проценти во зависност од блоковите.

„Едно домаќинство кое што има потрошувачка само во прв блок од 210 киловат часови и евтина 227 киловат часови, тука во овој случај се зголемува месечната сметка за 57 денари, односно за 2,28 проценти“, изјави Бислимоски.

Бислимоски потенцираше дека речиси 64% од домаќинствата или над 517.000 трошат струја само во првиот блок. За речиси 170.000 домаќинства кои ќе влезат и во вториот блок зголемувањето ќе изнесува 70 денари месечно. Додека за 14.000 домаќинства кои влегуваат и во трет блок 370 денари, а за 4.400 кои трошат и во четвртиот блок зголемувањето е околу 900 денари месечно.

Надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат, рече Бислимоски, бидејќи анализите покажале дека така зголемувањето ќе било поголемо.

„Доколку се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46 проценти, вториот блок ќе се зголеми за дополнителни 7,19 проценти, третиот блок ќе се зголеми за 5,77 проценти. Четвртиот блок за 2,69 и евтината за 13,51%“, вели Бислимоски.

Регулаторна оцени дека ЕВН Хоум го има применето тарифниот систем, но не е применет клучниот регулаторен принцип -урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и потрошувачите. Како што вели Бислимовски, внимаваат да се заштитат потрошувачите од ценовен шок.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:домаќинствоевнкомисијарегулаторна
Претходен напис ВЛАДА: Донесена е одлуката за прогласување на КРИЗНА СОСТОЈБА во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут
Следен напис Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?