Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стратегија за лозарство и винарство 2023-2033
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стратегија за лозарство и винарство 2023-2033
Агровести

Стратегија за лозарство и винарство 2023-2033

Објавено 03/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата уште во месец септември на владина седница ја донесе Националната стратегија за лозарство и винарство 2023-2033 и истата е веќе објавена и во Службен Весник.

Главна стратешка цел на десетгодишна стартегија за развој на винарството и лозарството е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата, да стане препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, преку фокусирање на локални сорти и поднебјата за истакнување на нивните најдобри карактеристики.

За реализација на поставената стратешка цел од Националната стратегија урврдени се следните стратешки приоритетни цели, како интеграција на чинителите во секторот, модернизирање на секторот, зголемување на препознатливоста на македонското вино на надворешните пазари и зголемување на извозот на различен опсег на пазари, развој на винскот туризам и мерки за заштита од климатски промени обезбедувајќи одржливост и зачувување на биодиверзититетот во лозовите насади.

Според поставените приоритетни цели во оваа Национална стратегија за развој на винарството и лозарството, крајниот резултат кој сакаме да го постигме е да имаме зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Исто така како резултат на оваа десет годишна стратегија треба да произлезат селектирани клонови за Кратошија, Вранец и Станушина, да има јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар и развиен вински туризам со 15% зголемен број на посети во винарските визби до крајот на 2033 година.

Сите овие резултати ќе бидат постигнати преку имплементација на цел сет мерки содржани во стратергијата, а кој преку прецизен Акциски план детално би биле разработени со прецизни рокови за реализација.

Десет годишната стратегија е подготвена заедно и во соработка со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите. Активностите за изготвување на овој стратешки документ отпочнаа уште во 2019 година, изготвувајќи екпертско истражување за состојбите со лозарството и винарството. Потоа продолжија со формирање на работна група составена од претставници на сите засегнати страни, кои треба да дадат придонес во изготвувањето на овој значаен документ, која пак работна група на низа работилници и дополнителни истражувања и анализи го изготви финалниот документ, кој беше јавно достапен за расправа.

 Националната стратегија за лозарство и винарство 2023-2033 можете да ја преземете тука. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:винарствовладалозарствостратегија
Претходен напис МЗШВ: Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Следен напис Облачно и посвежо со врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?