Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанска комора: Паметна специјализација за конкурентна економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанска комора: Паметна специјализација за конкурентна економија
Агровести

Стопанска комора: Паметна специјализација за конкурентна економија

Последна измена: 19/10/2020 13:59
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

– Прехранбената индустрија, енергетиката во делот обновливи извори на енергија, металната, електро, машинската и автомобилската индустрија, ИКТ, туризмот, одржливите материјали и минералните суровини се секторите со најголема конкурентна предност во земјава кои би можеле први да минат низ процесот на т.н. паметна специјализација.

Како што соопшти Стопанската комора на Македонија, паметната специјализација е предуслов за конкурентна економија.

-Еден од основните предизвици на секоја национална економија е како до поголем економски раст и како да се искористат потенцијалите и конкурентните предности на сите чинители во економијата. Европската унија веќе одамна го воведе концептот Паметна специјализација. Во земјите од Западен Балкан во моментот се одвива процес на дефинирање на концептот Паметна специјализација. Кај нас од 2018 година е почнат процес на дефинирање и воведување Паметна специјализација и во моментот се одвива консултативен процес со приватниот сектор и со институциите во насока на дефинирање на приоритетните сектори, односно дефинирање на секторите кои имаат потенцијал за натамошен и континуиран раст, развој, иновативни капацитети и апликација преку соработка со научните институции и академската заедница, наведува Комората.

Целиот процес на воведување паметна специјализација го координираат Министерството за образование и наука и Министерството за економија, а Стопанската комора заедно со Платформата за паметна специјализација која е раководена од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија е во процес на консултации со компаниите и институциите и ја подготвува Квалитативната анализа која треба да даде насоки кои од секторите се со конкурентни и иновативни предности.

-Паметната специјализација претставува пристап на интегрирана економска трансформација која базира на искористување на постојните потенцијали во економијата (бизнисот), иновациите и науката. Паметната специјализација, како политика е во корелација со индустриската политика, стратегијата за иновации, конкурентност, регионален развој, стратегијата за образование и развој на вештини. Паметната специјализација е составен дел и од Берлинскиот процес и МАП РЕА, а е ставена како обврска и во рамки на приспособувањето кон ЕУ, односно преговарачкиот процес – Поглавје 25: Наука и истражување (каде вели дека неопходно е да се развие стратегија за паметна специјализација за поддршка на националните стратегии и политики за истражување и иновации) и со Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика, дополнува Стопанската комора.

Ова, нагласува Комората, е исклучително значајно во процесот на креирање подобри економски политики со цел максимизирање на позитивните ефекти од државната поддршка за приватниот сектор преку насочување на истата кон претходно идентификуваните сектори согласно потребите и можностите на секој сектор и изнаоѓање механизми за зголемена соработка на бизнис секторот со академијата и научноистражувачките центри. Практично, овој процес е инклузивен и се базира на активна вклученост на клучните чинители од науката, граѓанскиот и приватниот сектор во дизајнирање и имплементирање на фазите од процесот на градење конкурентски предности на земјата. Се разбира, Владата е главниот координатор на процесот кој треба да ги имплементира предложените мерки од страна на клучните чинители.

-Главна цел на воведување и подготвување стратегија за паметна специјализација е да ја трансформира македонската економија во конкурентна економија насочувајки ги сите потенцијали на поддршка и развој во приоритетните секторите кои се иновативни и со потенцијал за раст и развој. Во понатамошниот период, приоритет за користење на европските и националните фондовни ќе имаат секторите кои ќе бидат дефинирани како приоритетни сектори во рамки на стратегијата за паметна специјализација. Со новите финансиски програми, стратегијата за паметна специјализација ќе биде предуслов за користење „ХОРИЗОНТ ЕВРОПА“, ИПА, како и други фондови на Европската унија. Приоритетните сектори ќе бидат дефинирани во рамки на подготовката на Квалитативната анализа, што е дел од процесот на подготовка на Стратегијата за паметна специјализација.

Искуствата на Србија и Црна Гора при реализација на процесот на преговори покажаа дека неопходно беше да ги приспособат своите економски политики, особено индустриската политика, со принципите на паметна специјализација.

МИА

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:економијапаметна специјализацијапредизвикстопанска комора
Претходен напис Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста
Следен напис Во САД, почнува изградбата на најголемиот силос на светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?