Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стомнароски: Почнавме преговори со откупувачите, ќе има зголемени цени на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стомнароски: Почнавме преговори со откупувачите, ќе има зголемени цени на тутунот
Агровести

Стомнароски: Почнавме преговори со откупувачите, ќе има зголемени цени на тутунот

Објавено 29/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на земјоделските здруженија ги почна разговорите со откупувачите за повисоки цени по класи за новата реколтата тутун. Ова беше најавено при денешната посета на откупниот пункт во Прилепскиот тутунски комбинат.

Според Методија Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, до откупот на новата реколта сигурно ќе има зголемени цени, бидејќи во досегашните преговори веќе некои компании покажаа интерес.

-Во преговори сме со откупните претпријатија и некои компании веќе покажуваат интерес за покачување на цените по класи. До почетокот на наредниот откуп сите компании ќе ги искординираме и ако пролетва со договорите тоа не се случи, со анекс во нив ќе бидат внесени промените, па до почетокот на наредниот откуп сигурно е дека цените ќе бидат зголемени, изјави Стомнароски.

Од Сојузот најавија и промена на Правилникот за тутун за да има само четири класи.

– Во соработка со Министерството и со откупувачите ќе направиме работна група за промена на правилниот за тутун и мострите ќе бидат изменети. Ќе има четири класи, а нашиот предлог за новите цени е: 300 денари за прва, 220 за втора, 180 за трета и 90 денари за килогранм тутун од четврта класа, рече Стомнароски.

Кирил Станкоски, директор на Приелпскиот тутунски комбинат, како откупувач вели дека се вклучени и се надева дека ќе има заеднички став на задоволство на двете страни.

-Деветте откупни компании и ние како Прилепски тутунски комбинат сме дел од разговорите и преговорите за новите договори за годинашнава реколта тутун. Минатата недела во Стопанската комора ги започнавме преговорите, а потоа во Министерството за земјоделство ќе биде медијацијата и се надевам дека со претставниците на тутунопроизводителите ќе најдеме заеднички „јазик“ околу постигнување цени за новата реколта тутун, рече Станкоски.

Годинава производителите директно ќе склучуваат договори со откупувачите по решението што ќе го добијат од подрачните единици на МЗШВ, зашто се укинати белите картони.

МИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:Зголемена цена на тутунотПреговори со откупувачитеСтомнарскитутунТутунопроизводство
Претходен напис Откупот заврши: Целокупното договорено количество што го имаа откупните претпријатија со тутунопроизводителите, е откупено!
Следен напис Важно за фармерите: Правилник за продажба од куќен праг на млеко и производи од млеко, еве кои услови треба да ги исполните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?