Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гајдаџијата Стојче Трајанов е експерт за народни ора, но и за одгледување овци: Овчарството ни е во крвта, од тоа зависиме и живееме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Гајдаџијата Стојче Трајанов е експерт за народни ора, но и за одгледување овци: Овчарството ни е во крвта, од тоа зависиме и живееме
Сточарско производство

Гајдаџијата Стојче Трајанов е експерт за народни ора, но и за одгледување овци: Овчарството ни е во крвта, од тоа зависиме и живееме

Објавено 04/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стојче Трајанов од Чешиново има завршено музичка академија на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на отсек етнокореологија, а во неговото семејство е четврта генерација која се занимава со сточарство.

„Со сточарство се занимавам од мали нозе, бидејќи фамилијарно и од страна на татко ми и од страна на мајка ми јас сум четврто колено што се занимава со сточарство. Сме имале секаков вид добиток, но традицијата остана само кај овците, бидејќи тоа ни е во крвта. од тоа зависиме и живееме. Одгледувам околу 150 грла овци, повеќето од сортата овчеполка, која ми е најомилена и една од поотпорните раси. Околу стоката баба ми и дедо ми највеќе ми помагаат, но во домен на нивната сила, бидејќи се накај 80 години. Да бидам искрен, се плашам да продолжам да одгледувам бидејќи сите знаеме какви се условите и цените кај нас.“, вели Стојче.

„Објектите ни се малку застарени, од дрвена конструкција, тоа е и една од причините поради кои немаме капацитет за зголемување на стадото и кои не дозволуваат пристап до механизација за да можат објектите полесно да се исчистат или да се нахрани стоката.“, вели Стојче.

Семејството на Стојче произведува волна, млеко, сирење, урда и секако, продаваат јагниња.

„Не знаеме поради која причина волната не се откупува и веќе неколку години стои неоткупена и ни зафаќа простор во магацините. Јагнињата повеќето ги даваме во кланица.
Млекото исто така поголемиот дел го даваме на млекарница, а сирење и урда правиме за домашни потреби и за блиски луѓе.“

Стојче е член на Здружението „Млад сточар“ и смета дека форморањето на ова здружение е одлична идеја за да се слушне гласот на младите сточари, каква мака имаат и со кои предизвици се среќаваат.

„Од здружението очекувам запознавање со нови членови, размена на мислења, мило ми е што сите заедно решаваме некој проблем и заедно би биле посилни во смисла секој сам и да се побуни за било што никој нема да му го слушне гласот. Додека сите заедно обединети, ќе знаеме за сите случувања и за сите Ипарди, па и други фондови за да можеме да искористиме некоја од тие програми.“

Стојче смета дека поразително е тоа што младите сѐ помалку одбираат да се занимаваат со земјоделство и сточарство.

„На сите оние што се занимаваат со одгледување животни, би им рекол да се живи и здрави, да не се срамат од работата што ја работат, да ја работат со љубов, да бидат смели во секој поглед и да ги учат нивните поколенија да се занимаваат со оваа гранка на опстанок, која да се надеваме ќе го најде светлиот пат и во нашата преубава држава.“

Македонската традиција Стојче ја зачувува и со негување на гајдаџиството, како дел од Гајда трио.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:млад сточарстојче
Претходен напис Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Следен напис (ИНТЕРВЈУ) Дамовски: Kонтинуирана поддршка за одржлив развој на компаниите и креирање услови за нови вработувања особено за жени и млади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?