Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви
Агровести

Стојанче Ангелов ја презема ДЗС по пожарот во Кочани со 62 жртви

Објавено 26/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е именуван за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Одлуката ја донесе Владата, откако досегашниот директор Џеват Селами од коалицијата „Вреди“ беше суспендиран поради мерката домашен притвор. Тој е осомничен во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и однесе 62 човечки животи.

Назначувањето на Ангелов доаѓа во чувствителен момент, кога институциите за справување со кризи и заштита се под зголемено јавно внимание и притисок да покажат капацитет, одговорност и транспарентност.

За подобра координација – Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи – ќе се спојуваат во една институција, во планина на лето ќе може да се движите само со дозвола. 

Ова се само дел од мерките кои според владата треба превентивно да делуваат во заштита од шумските пожари – кои изминативе години ги соголеа македонските шуми. Премиерот Мицкоски најави и враќање во функција на воздихопловите за гаснење на пожари кои минатата година беа гаражирани – а целокупниот систем за интервенција без протокол и со недоволна координација.

Минатата година беа евидентирани 126 шумски пожари кои пеплосаа близу 100 000 хектари површина  – или речиси 4 % од вкупната територија  на Македонија. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари како дел од програмата Коперник, лани изгорела поголема шумска површина споредбено со претходните десет години заедно.

Над 40 % од македонската територија е под шуми. Но, голем дел од неа се деградира, како резултат на дрвокрадци, но и пожари кои буквално ги голтаат македонските планински предели.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:дзсдиректорстојанче ангелов
Претходен напис Птици и полжави во напад на јагодите – Како да се зачува плодот?
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?