Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите и земјоделците да не палат стрништа и пасишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите и земјоделците да не палат стрништа и пасишта
Агровести

Сточарите и земјоделците да не палат стрништа и пасишта

Објавено 26/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност. Ангелов упатува и апел до сточарите и земјоделците, од следната недела кога се очекува зголемување на температурите, да бидат внимателни со палењето на стрништа.

– Во Македонски Брод на некои места се уште може да се забележи чадење, а некаде и жешки точки. Овој пожар се одвива во два крака. Првиот крак во насока на селото Тажево и селото Брезница, вториот крак во насока на ловиштето Јасен. Утрово се испратени два полициски хеликоптери кои што го надгледуваат теренот и дејствуваат врз сите точки кои што покажуваат чадење или горење, изјави Ангелов.

Тој додаде дека на локалните пожарникари од Македонски Брод денеска им помагаат 40 припадници на Армијата, како и 30 припадници на полицијата. Од страна на ловиштето Јасен во гаснењето помагаат и вработените во ловиштето.

Ангелов информираше дека од страна на УХМР се известени дека од понеделник се очекува зголемување на температурата.

-Од тие причини апелирам до сите македонски граѓани, посебно до сточарите и земјоделците, да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар. Апелирам до земјоделците и сточарите да не ги палат своите стрништа и пасишта бидејќи можат да предизвикаат пожар, кој што покрај голема материјална штета, голема еколошка штета, може да загрози и човечки животи. Благодарност до сите оние кои овие денови учествуваа во гаснењето на пожарите, додаде Ангелов.

Извор: Зелена берза

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:палењестојанче ангеловстрништа
Претходен напис Трипуновски: Постигнат e договор за откупната цена на црвената пиперка
Следен напис Трипуновски најави исплата на субвенциите за предадено јагне и посебен јавен повик за земја за сточарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?