Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта
Агровести

Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта

Објавено 29/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголема група сточари од северозападниот регион одржаа протестен собир на кој од државните институции побараа да им бидат исплатени субвенциите за добиток предвидени за минатата година. Доколку, нивните барања не бидат прифатени, тие за крајот на неделата најавуваат блокади на државните патишта.

Сточарите од тетовско, гостиварско, кичевско дебарско се револтирани од доцнењето на финансиската поддршка и сметаат дека се изманипулирани и досега добиле само ветување.

– Се соочуваме со недостиг од храна за овците. Парите ни се итно потребни, а не да се префрлаат на други места. Со нашиот труд што го вложуваме во добитокот и она што ни припаѓа, се прави компензација за субвенциите за тутунот. Тоа не е во ред, ние како произведувачи на храна да бидеме тргнати настрана, беше речено на протестот.

Сточарите, меѓу кои најбројни беа оние што одгледуваат овци, посочија дека состојбата во која се наоѓаат е сериозна и дополнително отежната заради пандемијата. Тие, како што беше кажано, упатуваат апел Платежната агенција и Министерството за земјоделство да ги земат предвид нивните барања. Доколку не бидат исполнети до дадениот рок најавуваат, продолжување на протестите со порадикални мерки како блокирање на патишта.

Сточарите кои денес протестираа одгледуваат над 180 илјади грла овци, за кои од државата треба да добијат над три милиони евра финансиска поддршка. Субвенцијата за едно грло се движи околу 900 денари, а за чување на женско јагне таа достигнува 2.400 денари.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадиинституциипротестсточари
Претходен напис Хоџа: Пописот ни е битен за да видиме на колку луѓе земјоделството им е основна дејност
Следен напис Се подготвуваат субвенциите за овоштарите, потоа пари ќе земат тутунарите, а следни сточарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?